ВИДЕО: Како се прават звучните ефекти во филмските сцени со борење?

Како се прават звучните ефекти во филмските сцени со борење?



Можеби додека го гледате филмот не им обрнувате внимание, но звучните ефекти се од голема важност, особено во сцените каде што има тепање. Шон Бренан е артист кој ги создава овие звучни ефекти и има работено на проекти како филмот The Purge: Election Year и видео играта Red Dead Rеdemption. А, кога станува збор за создавање звучни ефекти, изгледа дека на имагинацијата ѝ нема крај. Знаевте ли дека за ударите со тупаница или рака, звуците се направени со удирање парче месо? За кршење коски, пак, Шон користи звук од кршење целер. Погледнете го неверојатниот процес што се крие зад звучните ефекти во сцените со тепање.