Датумот на раѓање го открива вашиот карактер

datumot-na-ragjanje-go-otkriva-vasiot-karakter-povekjeОсвен хороскопскиот знак и датумот на раѓање значи нешто посебно за нас како личности. Датумот на кој сте родени го предвидува вашиот карактер.


Проверете дали ќе се пронајдете себе си:

1. Луѓето родени на први во месецот се како шеќер и сол. Никогаш не се повлекуваат во тишина и се борат за љубовта. Не се замерувајте со нив.

2. Родените на втори се како карпи. Битката со нив е голема чест, но и мака. Никогаш не простуваат предавство.

3. Родените на трети се како камен. Опиеноста со себе често им се удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно.

4. Личностите родени на четврти се како мали кутриња. И тонат во грижи. Со нив во љубовта никогаш не сте на сигурно.

5. Тие се како чаша полна со мед, но под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, па затоа долго останувате жедни.

6. Родените на шести се како врани. Она што ќе го ветат, тоа и ќе го исполнат. Лесно можете да ги повредите затоа што се многу чувствителни.

7. Родените на седми се како птица во лет. Малку на небо, малку на земја. Тие се добри набљудувачи, но и забавувачи.

8. Ова се вистински актери. Долго чекаат улога, а кога ќе ја добијат, прават се како што треба. По свое.

9. Деветките се како гасеници. Можат да станат убави пеперутки, но брзо да ги снема ако не им дарувате љубов.

10. Родените на десетти имаат личност – желка. Секогаш доаѓаат до целта, и колку и да мораат да пропатуваат – ништо не им е тешко.

11. Овие се како море. Неистражени и привлечни, но опасни ако ги излажете. Немојте ништо да им ветувате ако не сте во состојба да го исполните ова.

12. Родените на 12ти се патки. Немирни од надвор, мирни од внатре. Прават добра на своја штета.

13. Тешко дофатливи. Личноста им е како коприва. Додека сакаат простуваат се – дури и неверство.

14. Четиринаесет е лавовски број. Ловат додека не уловат, но отфрлаат ако не им одговара „мирисот“. Многу се паметни.

15. Се споредуваат со кртови. Никогаш не се откажуваат. Сакаат додека не се изгорат. Се држат до стилот.

16. Родените на 16ти се како бамбусово дрво. Лесно се виткаат, но и се итри. Лесно може да им пријдете затоа што се комуникативни. Дарежливи се додека не ги изневерите.

17. Тие се како плима и осека. Многу добри, но и внимателни во одлуките. Клучот е секогаш во нивни раце.

18. Овие се како корали. Тешко се стигнува до нив, но кога ќе ги освоите, стануваат вистински украс. Од внатре горат, но не го покажуваат ова.

19. Истрајни и упорни, длабоки во духот. Оставаат траги и впечаток каде и да се појават.

20. Ова се полжави. Бараат сигурност, а би го шетале светот како авантуристи. Тешко се одлучуваат затоа што се несигурни во себе.

21. Ова е бројот на стоногалките. Необичен спој на љубовта и војната. Премногу сакаат да направат одеднаш. Се раштркуваат на сите страни, па тешко е да им најдете крај.

22. Луѓето – срни. Топли и полни со сочувство кон другите. Свесни се за своите можности и никогаш не ги пречекоруваат.

23. Тие се како гускини перја. Од една страна глатки, а со другата бодат право во срце. Често се непредвидливи.

24. Бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Паѓаат под влијание, а работата секогаш им е на прво место.

25. Како коњите – малку бараат за себе, а поднесуваат многу. Прашуваат затоа што не сакаат да решат. Не ги прифаќаат ни туѓите грешки лесно.

26. Слонови. Чувството на припадност им е најважно. Попрво ќе премолчат напад отколку да возвратат со навреда.

27. Ова се видри. Среќата не ги заобиколува, но долго ја чекаат. Иако слушаат, често не го дослушнуваат соговорникот. Се исклучуваат по потреба.

28. Родени се како луѓе за земјата. Се борат за правда иако често губат. Активни и жестоки сакаат да го променат светот и правилата.

29. Ова се личностите како петли. Си го чуваат своето. Големи романтичари, но ова го покажуваат на дело.

30. На овој датум се родени луѓето мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат – навистина и го мислат.

31. Многу се совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат, не откриваат многу за себе.

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

Модерни навики и промени во светот што им пречат и на младите луѓе „Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од жи...
Најпознати турски суеверија – Колку се слични со македонските? Што значи ако ви свират ушите, зошто не треба да ги сечете ноктите навечер или к...
Во Саудиска Арабија ќе ве уапсат: На кои места во светот не смеете да правите селфи? Сакате да се сликате со разјарените бикови кои трчаат низ улиците на Памплона? М...
13 корисни трикови што може да ве спасат од незгодни ситуации со изгледот Како брзо да ги избелите забите или да го освежите здивот? Овие корисни трикови ...
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Најдобрите и најубавите нешта на светот не можат да се видат ниту да се допрат. Тие мора да се почуствуваат во срцето.
Хелен Келер (1880-1968)