9 работи кои не сте ги знаеле за сексот

9-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-seksot-povekjeКолку и да мислиме дека знаеме сè за сексот, љубовта и страста, се појавуваат разни истражувања после кои се запрашуваме уште колку неоткриени...


...детали носи односот помеѓу двајца заљубени.

Еве некои неверојатни работи кои можеби сè уште не сте ги дознале.

Можете да го скршите пенисот
Во пенисот нема коски, но тој може да биде „скршен“. Лекарите таа дијагноза ја нарекуваат „фрактура на пенисот“ и верувајте многу е непријатна. Фрактурата на пенисот е тежок облик на виткање на машкиот полов орган кога е во ерекција и се случува кога ќе се скине мембраната, tunica albuginea. Тоа може да се случи при енергичен однос кога пенисот ќе удри во цврста структура.

9-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-seksot

Стриптизетите повеќе заработуваат кога овулираат
Истражувањето од 2007 година пронашло изненадувачка врска помеѓу овулацискиот циклус на стриптизетите и висината на нивната заработувачка. Оние што биле во плодни денови добивале 70 долари напојница, за разлика од оние што имале менструација и од оние што биле во „обични денови“, тие заработувале само помеѓу 30 и 50 долари од напојници. Една хипотеза за оваа чудна појава е дека мажите несвесно, повеќе ги привлекуваат плодни жени.

Жените можат да намирисаат генетска некомпатибилност
Тоа се случува благодарение на ефектот на феромоните, хемикалии кои праќаат мирисни сигнали. Се верува дека феромоните „ги предупредуваат“ двата пола за потенцијалната генетска некомпатибилност.

Дебелите мажи се поиздржливи во кревет
Врската помеѓу дебелината и сексуалното здравје е комплицирана. Од една страна дебелината се поврзува со еректилната дисфункција, а од друга страна со поголемата издржливост во креветот. Една студија сугерира дека подебелите мажи поретко доживуваат прерана ејакулација и дека водат љубов во просек 7,3 минути, а слабите само 1,8 минути.

Во што е тајната? Мажите со вишок на маснотии имаат поголемо ниво на естрадиол, женски хормон. Една теорија е дека баш таа супстанца делува на способноста на телото да достигне оргазам...за неколку минути.

Седум години верност
Познатиот филм со овој наслов вели дека луѓето остануваат верни 7 години, после што чувствуваат потреба да го сменат партнерот. Ако ја погледнеме статистиката се испоставува дека е тоа точно. Резултатите велат дека во просек луѓето се разведуваат по 7,9 години брак.

Активно избегнување на привлечноста
Доказите укажуваат дека мажите и жените активно избегнуваат да ги привлекува некој кој не е нивен партнер – иако тоа го прават несвесно. Во студијата објавена во 2008 година психологот Џон Мајер им покажувал на испитаниците слики на лица во времетраење од половина секунди, а потоа слики од круг или квадрат на другиот крај од екранот и тие имале задача да одберат што сакаат да видат од тие две слики и тоа што побргу. Се испоставило дека испитаниците што не се во врска или брак и хетеросексуалците многу подолго гледале во сликите со привлечни лица, додека „зафатените“ бргу го тргале погледот и се насочувале кон сликите од круг или квадрат.

Мастурбираме уште во матката
Сигурно не сте знаеле дека човекот почнува да мастурбира уште додека е во матката. Истражувачите внимателно го следеле фетусот и заклучиле дека двата пола прават движења кои многу потсетуваат на мастурбација.

Клиторисот е многу повеќе од она што мислите
Овој орган не е само врв кој вие воглавно го замислувате, тоа е всушност само почеток на еден многу поголем орган. Тој допира до внатрешностана телото, а научниците дури во 2009 година спровеле детално истражување на целиот клиторис.

Ако по сексот не ви е добро, обратете се на лекар да ви вбризгаат сперма
Дали сте слушнале за синдромот посторгазмичка болест (POIS)? Тоа е ретка состојба која дава симптоми слични на грипот – температура, нос кој тече, мачнина и очи кои печат. Според резултатите на две студии тоа им се случува на мажи кои се алергични на сопствената сперма, а може да се лечи со вбризгување на сопствената сперма во организмот. По три години терапија, симптомите на POIS значително се намалуват.

Би можело да ве интересира:

Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
„Го изневерувам дечкото секогаш кога одам на одмор, во странство важат други правила“ Жена од Англија смета дека е во ред да го изневерува партнерот кога е на одмор, ...
8 грешки со кои си ја уништувате врската (и можат да доведат до неверство) Ако само си ја префрлате вината еден со друг, ако сте емоционално затворени и ак...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ако не си ја почувствувал често радоста на правењето добро дело, тогаш си запоставил многу, а најмногу од сè себе си.
А. Нилен