Го завршиле животот гушнати, еден покрај друг

go-zavrsile-zivotot-gusnati-eden-pokraj-drug-povekjeДрагослав (89) и Верица (87) Јеремиќ, стара нераздвојна двојка која сите ја познавале во Крагујевац, соседна Србија, починале минатиот викенд...


...на ист ден, а најдени се како лежат гушнати образ до образ во својот стан.

Комшиите раскажуваат дека тие немале деца, а и не се дружеле многу со другите затоа што за неа и него постоел само партнерот. Останатите ги знаат како старецот со долг капут и бабата која оди секогаш потпрена на неговата рака. Последните месеци Драгослав се шетал сам затоа што Верица била болна.

Таа починала од срце, а сопругот бил пронајден легнат до неа со лицето потпрено на нејзиното. Најверојатно пробал да и помогне кога паднала. Не успеал и паднал покрај неа. Се претпоставува дека од шок и тага и тој починал од срце.

go-zavrsile-zivotot-gusnati-eden-pokraj-drug

Нераскинлива е врската која постои меѓу двајца кои се сакаат толку многу и толку долго. Тие навистина не можат да живеат едни без други. Има вистина во изреката „Срце ме боли“. Докажано е дека болката и патењето за саканата личност во рецепторите на мозокот доведува до исти реакции како кај зависниците од дрога. Тоа е еден начин љубовна зависност од партнерот.

Ако т.н. емоционална инвестиција не може да се префрли на децата или на внуците, тогаш партнерските врски се уште посилни и тешко се преболува загубата.

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
Добил смртна казна за убиството на сопругата, иако немало цврсти докази - Бизарниот случај што е инс... Кога сопругата на Скот исчезнала, сите мислеле дека била киднапирана. Но, штом б...
Некогаш и денес: Колку се промени животот на жените и девојките, низ илустрации? Тенките, практично невидливи веѓи ги заменивме со поприродни облици, а секогаш к...
22 идеи како да имате совршен неделен ден Одете на бранч со пријателите. Планинарете и уживајте во неверојатните пејзажи.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Можеш да имаш сè што ќе посакаш ако го посакуваш тоа доволно силно. Мораш да го посакуваш тоа со ентузијазам што се пробива низ кожата и се спојува со енергијата што го создала светот.
Шила Греам