ZAZ влезници во претпродажба

zaz-vleznici-vo-pretprodazba-povekjePassword продукција го најавува стартот на продажбата на влезниците за концертот на францускиот музички феномен Zaz кој ќе се одржи на 28. мај...


...во Универзалната сала во Скопје.

Претпродажбата ќе започне во понеделник, 5-ти март, а влезниците ќе се продаваат во продажната мрежа на МК Тикетс.

zaz-vleznici-vo-pretprodazba-2

Влезниците се во 4 категории:

  • 800 денари (Блок 1 карта)
  • 1000 денари (Fan pit, стоење)
  • 1200 денари (Блок 2 карта)
  • 1500 (VIP ложа)

Резервација на влезници на имејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Во моментов најпопуларната нова пеjачка на светот, интерконтиненталниот музички феномен од парискиот Монмартр - Zaz светската турнеjа започна од родната Франција и ќе ги вклучи сите поголеми светски центри.

zaz-vleznici-vo-pretprodazba-1

Новата Édith Piaf, како што ја нарекуваат во Франција и Америка во Скопје доаѓа со својот бенд како би ги претставила своите мегахитови на македонската публика. Нејзината уникатна харизма и вонсериските пеjачки способности за мошне кратко време ја направија најпосакуваната пеjачка на сите светски дестинации.

Заз за првпат настапува во Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Тие што внесуваат среќа во животот на другите не може а да не ја чувствуваат и самите.
Сер Џејмс М. Бари (1860-1937)