Најјаките пива на светот

najjakite-piva-na-svetot-povekjeОд сите убави работи кои некогаш биле изумени пивото дефинитивно се наоѓа помеѓу топ десет. Повеќето пива кои до сега сте ги пиеле изгледаат како...


...сок за деца во споредба со најјаките свески пива.

najjakite-piva-na-svetot-1

Dogfish Head 120 Minute IPA

Пивара: Dogfish Head
Потекло: САД
Алкохол: 15-20%
Цена: ~ 5,3 ЕУР/шише

Покрај верзиите 60 и 90, оваа пивара ја произведува и верзијата 120 која содржи помеѓу 15 и 20% алкохол. За разлика од останатите пива на овој попис, ова е полесно достапно, секако ако живеете во САД. Лесно се излева поради својата густина и има исклучително благ вкус за пиво со толкава количина на алкохол.

najjakite-piva-na-svetot-2

Sam Adams Utopias

Пивара: Sam Adams
Потекло: САД
Алкохол: 27%
Цена: ~ 112,3 ЕУР/шише

Забрането е во 13 американски држави и не се продава во пакување од по шест шишиња. Ова темно пиво е гордост на бостонската пивара и својата сила ја должи на 15-годишното созревање во дрвени буриња, исти онакви какви што се користат за созревање на вискито. Се продава во керамичко-бакарни шишиња кои потсетуваат на котле.

najjakite-piva-na-svetot-3

Sink The Bismarck

Пивара: BrewDog
Потекло: Шкотска
Алкохол: 41%
Цена: ~ 74 ЕУР/шише

Ексцентричната шкотска пивара BrewDog произвела пиво со 41% алкохол. . "Sink The Bismarck!"(потопете го Бизмарк) е славната заповед на британскиот премиер Winston Churchill, која ја исполнила Кралската воена морнарица на 27,05,1941 година кога во северниот Антарктик, по тридневна потера го уништила славниот германски воен брод. Bismarck особено му пречел на  Churchill бидејќи претходно ja потопил гордоста на британската флота , крстосувачот Hood. Иако по начинот на производство и одликите е пиво, Sink The Bismarck не може да се пие како своите помалку алкохолни сродници – во него има повеќе алкохол отколку во вотката или вискито.

najjakite-piva-na-svetot-4

End Of History

Пивара: BrewDog
Потекло: Шкотска
Алкохол: 55%
Цена: ~ 628 ЕУР/шише

Освен што имате можност да видите како изгледа верверичка која голтнала шише, го гледате и второто најскапо пиво на светот. End Of History е пиво карактеристично по исклучително високата концентрација на алкохол. Произведени се  вкупно 11 шишиња од ова ексклузивно пиво кое името го добило по книгата на филозофот Francis Fukuyamа.

najjakite-piva-na-svetot-5

Schorschbock

Пивара: Schorschbrau
Потекло: Германија
Алкохол: 57%
Цена: ~199 ЕУР/шише

Да бидеме прецизни, ова пиво произведено во Германија има точно 57,5% алкохол. Ако случајно го пробате ова пиво, сметајте се за вистински среќник бидејќи ова пиво не може никаде да се набави, а произведени се вкупно 36 шишиња.

najjakite-piva-na-svetot-6

Start The Future

Пивара: 't Koelschip
Потекло: Холендија
Алкохол: 60%
Цена: ~33 ЕУР/шише

Холандската пивара 't Koelschip го произвела пивото Start The Future кое има –верувале или не 60% алкохол и до сега го држи статутот на најјако пиво на светот. Тоа сигурно не се пие како пиво, туку како коктел во чаша за виски или коњак, во спротивно би можеле да имате најјак мамурлак на светот.

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
6 фрази со кои нарцисоидните личности глумат жртви, низ илустрации „Секогаш ме малтретираш“, „Само јас морам да се жртвувам“... Со кои добро научен...
Вработена во хотел со предупредување: „Зошто никогаш не треба да го користите шампонот оставен во хо... Дали сами си носите средства за хигиена во хотел или ги користите оние што ви се...
Најчудните погребни обичаи во Србија: Цело село се кани на игранка, се играат ора Луѓето област во Србија имаат чудни обичаи за време на погреби, особено кога ќе ...
10 грешки поради кои новата облека за кратко време ви изгледа износено и парталаво Облеката ја сушите кога сонцето е најсилно, парфемот го прскате директно на обле...
Застарени верувања и стереотипи за жените кои треба да ги заборавиме, низ илустрации Мора да се омажат млади и треба да родат дете пред 30-тиот роденден бидејќи пото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Утрешниот ден е најважното нешто во животот. Доаѓа на полноќ многу чист. Совршен е кога пристигнува и се сместува во нашите раце. Се надева дека сме научиле нешто од вчерашниот ден.
Џон Вејн (1907-1979)