Што подразбира управување со човечки ресурси?

sto-podrazbira-upravuvanje-so-covecki-resursi-povekjeЕдна од најважните работи за избор на совршен кандидат, е прецизно дефиниран профил на работната позиција, односно систематизација на работното место.


Профил на работното место подразбира прецизен опис на работните обврски (работни задачи и одговорности) како и спецификација на работното место (стручна подготовка, работно искуство, компетенции).

Профилот на работното место претставува основа за останатите HR активности: избор на кандидат, проценка на ефикасноста во работењето, развој и усовршување, планирање на бројот на вработени...

sto-podrazbira-upravuvanje-so-covecki-resursi

Иако најчесто добро реномираните компании ги привлекуваат најдобрите кандидати, постапката за привлекување на солиден кандидат за вработување може да се подобри со комбинација на повеќе различни техники: огласи во дневни и неделни весници, огласи на интернет, интерно огласување и препораки од вработени, користење на услугите на специјализирани агенции за вработување, одржување на контакти со образовни институции, присуство на т.н. „саеми за кариера“.

При селекција на кандидатите, неопходно е да се усогласат на барањата кои ги наметнува работното место и карактеристиките на кандидатот. Процесот на селекција се подобрува со употреба на психолошки тестови (тестови за одредување на способностите и вредностите кои ги поседува кандидатот, тест на личноста и сл.) и добро структурирани интервјуа. Современиот HR менаџер бара кандидатот не само да биде адекватно подготвен за работната позиција, туку и неговите лични вредности да бидат усогласени  со вредностите на компанијата и тимот.

Следење на перформансот на вработените претставува континуиран процес кој се заснова на постојана комуникација, унапредување на перформансот и резултатите на вработените и реализација на бизнис целите на поединците, тимот и компанијата во целост. Управување со работниот перформанс вклучува 4 основни елементи: планирање – дефинирање на критериумите за успешност на секој вработен, одредување на ставките на  договорот за вработување и дефинирање на целите кои треба ги оствари вработениот во наредниот временски период; континуирано следење на работата на вработените и давање фидбек за тоа што би можеле да променат како би го подобриле своето работење; оценување во последниот циклус (разговор со вработениот за споредба на планираните и остварените резултати); и секако награда, без која е невозможно да се оствари посакуваната промена на однесувањето на вработениот и остварувањето на поставените цели. Оценување на вработените без оддавање на признание или награда не го постигнува посакуваниот резултат, бидејќи вработените немаат мотив да го променат своето однесување. Системот на следење на работниот перформанс е тесно поврзан со системот на наградување како и системот на развој и усовршување.

Системот на наградување најчесто е поделен на две основни категории: материјално и нематеријално наградување. Материјалното наградување ги вклучува основната плата, варијабилен дел/бонуси и бенефиции. Она што сакам да потенцирам е дека основната плата и бенефициите се тесно поврзани со работната позиција. Со други зборови, сите вработени на иста работна позиција припаѓаат во иста категорија на плата, односно имаат право на исти бенефиции кои ги налага работната позиција. Додека пак, варијабилниот дел од платата, односно бонусите се поврзани со личните постигнувања – остварување на личните цели на секој вработен, а се темелат на проценка на работниот перформанс.

Како дел од нематеријалниот систем на наградување се сметаат плановите за развој на поединецот – можност за промоција на понапредна работната позиција, но и план за усовршување во она поле во кое му е потребен дополнителен развој на вработениот.

Дали фокусот  на компанијата ќе биде на материјално наградување или пак на развојните компоненти – развој и план на кариерата, различни типови на едукација, зависи исклучиво од култура во компанијата.

Она што е навистина важно е системот на наградување да биде транспарентен, конзистентен, едноставен, разбирлив и праведен.

Планот за развој овозможува континуиран развој на вработените и препознавање на потенцијалните менаџери и стручњаци. Составен дел во управувањето со работниот перформанс на вработените е планот за развој. Имено, развојот на поединците во деловите каде што е потребно подобрување доведува до подобрување на индивидуалниот перформанс, што води до остварување и подобро постигнување на ниво на цела компанија односно остварување на организациски развој.

Како би го намалиле одливот на квалитетни кадри, неопходно е да ги знаеме причините за незадоволство од работата. Тоа се утврдува преку истражување на задоволството од работата, но и во разговор со вработениот кој напушта одредена работна позиција. Нормално дека не треба да се фокусирате само на утврдување на причините за незадоволство туку потребно е и да преземете конкретна акција за разрешување на тој проблем.

Неизбежен дел од одговорностите во управување со човечките ресурси го сочинува работно правните односи (на пример, правилник за работењето, системот на наградување, договори за вработување и сл.) како и кадровска администрација согласно со законските регулативи.

Која активност ќе биде нагласена зависи од стратегијата на одделот за човечки ресурси, но и од развојната фаза на компанијата. На пример, во почетната фаза на развој на компанијата, приоритетна HR активност е привлекување на квалитетни надворешни кандидати. Во текот на развој на компанијата, се поголема важност се придава на развој на вработените како и идентификување на вработениот кој заслужил соодветно унапредување. Исто така, и критериумите во процесот на селекција може да се разликуваат: во почетните фази на развој на бизнисот потребни се луѓе кои имаат поголемо работно искуство, за разлика од  подоцнежната фаза кога акцентот е ставен на високо потенцијални кандидати чии компетенции се развиваат во текот на работењето.

Автор: Дијана Клекар,

водечки HR професионалец со повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во интернационални компании (Raiffeisen, BP, Heineken)

Бидете дел од обуката: Напредни HR технологии за подобрување на продуктивноста на вработените. Повеќе информации на http://www.tsl.mk/

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Продолжи да веруваш дека со твоите чувства и твојата работа учествуваш во нешто многу значајно. Колку подлабоко го негуваш ова уверување во себе, толку повеќе реалноста и светот ќе напредуваат со него.
Рајнер Марија Рилке (1875-1926)