Обединети за Утре – Македонија без Отпад
Викендов се одржа семинар на Економскиот Факултет во Скопје (УКИМ) на тема одржлив развој, управување со отпад и улогата на младите во...
...создавање на одржливо општество, како дел од активностите на Платформата за Младинска Одржливост.
Семинарот беше насловен како „Обединети за Утре – Македонија без Отпад”, кои произлегува од проектите водени од АИЕСЕК Скопје и Асоцијацијата Ајде Македонија.
Првиот ден на семинарот присуствуваа 194 млади лица, а вториот ден 42 помалку. Најголем дел од присутните беа средношколци кои доаѓаа од училишта во Скопје, Тетово, Куманово и Велес.
Фотографиите од настанот може да ги погледнете тука.
Платформата за Младинска Одржливост обединува релевантните младински организации и им овозможува едукација и активирање на нивните членови во проекти од областа на животната средина. Платформата е отворена за сите луѓе кои сакаат да се активираат и подржат активности од областа на одржливиот развој и заштитата на животната средина.
Моментални членки на Платформата се граѓанските организации АИЕСЕК Скопје, Гоу Грин (Биди Зелен), Сојуз на Извидници на Македонија, Младински Образовен Форум, ОХО и Асоцијацијата за чиста животна средина Ајде Македонија.