Лицето открива дали ќе се збогатите

liceto-otkriva-dali-ke-se-zbogatite-povekjeЗа некој да се збогати мора да е снаодлив, способен и да има среќа. Освен тоа мора да има соодветен профил и анфас, тврдат британските стручњаци.


Кои ги проучувале цртите на лицето на некои од најбогатите луѓе на светот и на основа на тоа проучување направиле модел на лице чиј сопственик би имал најмногу шанси да стане успешен деловен човек.

liceto-otkriva-dali-ke-se-zbogatite

Тие заклучиле дека машкиот модел на лице кое гарантира богатство има римски нос, широко раздвоени очи и поголеми ноздри, додека мажот со напрчен нос најверојатно нема да биде успешен во деловните зафати.

Кога станува збор за модел на женско лице кое е предодредено на богатство и успех, можете да се радувате ако имате вдлабнатина над горната усна која се спушта вертикално од носната преграда, високо чело и густи веѓи.

Успехот во работењето зависи од многу фактори, а еден од нив е и обликот на лицето.

Освен потенцијалниот богаташ, цртите на лицето ги откриваат и нашите особини.

Луѓето со тенка, нежна кожа имаат предуслов да бидат повеќе емоционално и физички осетливи, додека пополната долна усна укажува на спонтаност, отвореност и великодушност.

Се препознавте ли некаде?

Би можело да ве интересира:

Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија? „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „...
22 прашања со кои интимно ќе се поврзете со некоја личност (партнер или пријател) Колку често кажувате „извини“? А, за што најмногу жалите во животот? Постојат пр...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Дали сте слушнале за египетската книга на соништата? Дали верувате дека преку соништата може да се предвиди иднината? Ако верувате, т...
Ја нарекувале „маж во здолниште“, била советник на 2 султани: Детали за животот на Михримах Султан, ... Во историските записи никогаш не била опишана како убава, туку како многу амбици...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Мојот предизвик не беше да го направам невозможното, туку да научам да живеам со возможното.
Сју Бендер