69 години од депортацијата на македонските Евреи

69-godini-od-deportacijata-na-makedonskite-evrei-povekjeЕврејската заедница во република Македонија Ве известува дека на ден 11.03.2012(недела) и 12.03.2012(понеделник), со одредени активности ќе ја...


...одбележи 69 годишнината од холокаустот на 7144 македонски Евреи.

По тој повод на организираниот комеморативен настан ќе присуствуваат видни гости од земјава и странство, претставници на Владата на република Македонија, дипломатски кор и верски лидери...

Во рамките на комеморацијата оваа година се предвидуваат следните активности на ден 11.03.2012 (недела) во Скопје:

10.30 Тутунски комбинат – Монопол- полагање цвеќиња пред Споменикот на 7144 македонски Евреи

12.00 Градски гробишта Бутел- полагање цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи, полагање цвеќиња пред Споменикот на паднатите борци во НОБ

13.30 Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија- отворање на изложбата Детски приказни – детски цртежи од гетото во Терезин 1943-1944 год.

20:00 Комеморативен концерт – Дом на АРМ

и на ден 12.03.2012(понеделник), во Штип и Битола:

10.00 Сала на Собрание на Општина Штип- прием кај градоначалникот и програма во салата на Собранието

11.15 Полагање цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи од  Штип

10.00 Посета на Детската градинка Естреја Овадија – Мара Битола

11.00 Прием на делегацијата кај градоначалникот на Битола

12.00 Полагање цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола и пред Споменикот на народниот херој Естреја Овадија – Мара

13.00 Полагање цвеќиња пред Споменикот на паднатите борци- Битола

13.30 Културен центар МАГАЗА- Ликовна изложба на дела од Уметничката колонија на тема Нови сведоци на холокаустот (во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и НУ Завод и музеј Битола)

14.30  Посета на Еврејските гробишта - Битола

На 11ти март 1943 година, Евреите од Скопје, Штип и Битола биле собрани од своите домови, донесени во скопскиот Монопол за потоа да бидат однесени во логорот на смртта, Треблинка.  7144 македонски Евреи, 98% од вкупното еврејско население во република Македонија ги загубија своите животи веднаш по пристигнувањето во Треблинка.

Вистина е дека разбирањето на холокаустот на идните генерации зависи и ќе зависи од нашето залагање и соработката со институциите на оваа држава, за никогаш да не се повтори!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Кога ништо не е сигурно, сè е можно.
Маргарет Драбл