Првиот виртуелен салон на Порше Македонија

prviot-virtuelen-salon-na-porshe-vo-makedonija-povekjeСледејќи ги светските трендови, Порше Македонија им овозможува на своите клиенти интересно доживување и брза и ефикасна комуникација.

 

Станува збор за првиот виртуелен салон во Македонија, кој нуди можност преку Фејсбук страната на Порше Македонија, да се погледнат презентации на различните модели на автомобилите, и за кратко време да се добијат онлајн коментари, совети и одговор на вашите прашања исто како да сте во просториите на Порше Македонија.

prviot-virtuelen-salon-na-porshe-vo-makedonija-1

Станува збор за иновативен начин на воспоставување комуникација со клиентите, кои на ваков начин заштедуваат време. Изборот на автомобил сега е позабавен од било кога.

Може детално да се разгледуваат автомобилите во моментот кога тоа ќе се посака: додека се пие утринското кафе, додека целото семејство седи удобно на каучот, додека во друштво се дискутира за автомобилските иновации и трендови...

Со Порше Македонија, сега секој може да се запознае со различните автомобилски модели директно од својот мобилен телефон, додека седи пред компјутер дома или на работа.

prviot-virtuelen-salon-na-porshe-vo-makedonija-2

Принципот на функционирање на овој салон е направен така да, освен тоа што клиентот има шанса да ги погледне детално автомобилите, доколку сака да дознае нешто повеќе за моделот што го разгледува, може уште во истиот момент да го постави своето прашање и веднаш да добие онлајн одговор од вработените во Порше.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Само љубовта е вечна, само љубовта не умира...
Хари Кемп