Вејв 6 ни открива - дали навистина еден лајк е толку важен?

wave-6-ni-otkriva-dali-navistina-eden-lajk-e-tolku-vazen-povekjeУниверзал медиа Скопје ги објави резултатите од глобалното истражување на социјалните медиуми “Вејв 6 – Бизнисот на социјалната комуникација”.


Истражувањето покрива 43 проценти од светската интернет популација, во него учествуваат 62 земји и 41.738 испитаника. Оваа година за прв пат и Македонија беше дел од ова најголемо и најобемно истражување на социјалните медиуми кое кај нас го реализираше Универзал Медиа Скопје.

‘‘Вејв 6 – Бизнисот на социјалната комуникација‘‘ го истражува влијанието на социјалните медиуми на денешниот глобален пазар, анализира како корисниците во 62 земји ги користат сајтовите како Фејсбук и Твитер за комуникација со брендовите, и што сакаат и што очекуваат од овие искуства.

wave-6-ni-otkriva-dali-navistina-eden-lajk-e-tolku-vazen

 ‘‘Овогодинешното изданије на Wave 6, е исклучително значајно за нас, бидејќи успеавме за прв пат да ја вклучиме и Македонија. Обемот на истражувањата секоја година сразмерно се зголемува, па така нашето лобирање како и фактот што имаме голем број на интернет корисници, како и значително присуство  на социјалните мрежи, бeа аргументи кои не можеа да се игнорираат. ‘‘, вели Маја Стојаноска, Директор на Универзал Медиа.

Wave 6 покажа дека испитаниците од Македонија во голем дел ги делат истите навики и размислувања за социјалните мрежи со интернет корисниците во светот.

Македонските испитаници на интернет најмногу менаџираат профили на некоја социјална мрежа: дури 87 % одговориле дека тоа го имаат направено во последните 6 месеца.

Понатаму, 84% од нашите испитаници велат дека посетиле официјална веб страна на некоја компанија, додека 74% се приклучиле кон некоја онлајн заедница на одреден бренд.

Своето слободно време, македонските учесници во истражувањето, речиси подеднакво го поминуваат на социјалните мрежи и гледајќи телевизија.

И ние, како и остатокот од светот, сме загрижени за количеството лични информации кое се пласира на социјалните мрежи: 54% од испитаниците одговориле дека тој податок ги вознемирува. Но, сепак подготвени сме да ‘‘жртвуваме‘‘ дел од својата интима со цел да бидеме во тек со случувањата: 30% од испитаниците сметаат дека ќе пропуштат нешто доколку не го посетат својот профил на социјалните мрежи.

‘‘Вејв 6 е моќна алатка преку која ја разбираме улогата на социјалните мрежи и која ни дава увид во важноста и влијанието на социјалните медиуми  кај нас. Тие стануваат толку значајни во медиумскиот микс што од клучно значење е брендовите и компаниите да почнат да размислуваат како да ги користат овие платформи во комбинација со потрадиционалните медиуми со цел да допрат до повеќе потрошувачи на поефективен начин.‘‘, додава Стојаноска.

Резулатите од Вејв 6 ни овозможуваат да издвоиме 3 главни согледувања: најмоќно социјално искуство е одговарањето на прашањата поврзани со брендовите и поплаките на корисниците, вебсајтовите на брендовите бргу стануваат еднодимензионално искуство што младите бргу го напуштаат и фактот дека и покрај сè поголемата загриженост за приватноста на податоците, луѓето се подготвени да ја платат цената кога се работи за социјално поврзување.

Погледнете ги резултатите од Вејв 6:
http://universalmedia.mk/wave6.html


За УМ

УМ е глобална агенција за медиумски комуникации во чиешто портфолио се вбројуваат најголемите глобални компании како Компанијата Кока-Кола, Микрософт, Сони, Мастеркард, Џонсон и Џонсон, Лореал, Крајслер и др. Како дел од IPG Media brands, УМ има 151 канцеларија во 130 земји и вработува 3.600 креативни мислители..

УМ е присутна во Македонија уште од 1997 година, како дел од Меккен Ериксон Скопје.

Во 2010г., како резултат на пазарните промени, потребите на клиентите и светските трендови во индустријата, УМ Скопје се одвојува како посебна агенција специјализирана за медиуми.

Би можело да ве интересира:

Симона Поповска го прослави 32-иот роденден: „Ме подмладува секоја насмевка и прегратка од моите мом... „Го прославувам мојот посебен ден со двата најголеми подароци кои животот ми ги ...
Македонец ја запроси девојката на натпревар на Јувентус: „Од мал знаев дека сакам да го направам тоа... „Од кога знам за себе јас сум фан на Јувентус, па од мал бев решен дека ќе напра...
Тамара Тодевска заблеска во златен костим за прославата за 38-иот роденден Тамара Тодевска изгледа одлично во златниот костим што го избрала за прославата ...
Инфлуенсерот Александар Динев (20) позира во пустина: „Хабиби дојди во Дубаи“ Со марама на глава и бела плетена маица, 20-годишниот Александар Динев позира во...
Елена Ристеска ѝ го честиташе роденденот на сестра си: „Кога би се родила повторно, пак би те одбрал... „Сестра ми е махер да ме фати на слика неспремна. Ама на овој ден, 22-ри јуни, н...
Дводневен вело-фест во Конче и Мантово на 8 и 9 јули Претстојниот викенд на 8 и 9 јули ќе се одржи дводневниот велосипедски настан Ав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Мораме да запомниме дека не сме единствените кои се нашле во безизлезна ситуација. Исто како што леталото од хартија се крева на ветрот, дури и најтешките маки можат да нé направат посилни. Како што илјадниците пред нас ги снашла иста судбина и успеале да се справат, така можеме и ние!
Др. Р. Браш