ВИДЕО: Ким Кардашијан и целото нејзино семејство во новиот спот на Канје Вест

Ким Кардашијан и целото нејзино семејство во новиот спот на Канје Вест



Канје го објави спотот за неговиот сингл Closed On Sunday, кој е снимен на неговиот ранч во Вајоминг. Она што најмногу го привлече вниманието на фановите е што во спотот се појавува неговата сопруга Ким Кардашијан, заедно со нивните деца. Но покрај нив, во видеото се појавуваат Клои, Крис Џенер и целото семејство на Ким. За ранчот, кој познатиот пар го купи во септември, Ким изјави дека бил совршен за нив. Отсекогаш сакале место каде што ќе можат да ги поминуваат летата, па ова им изгледало како совршено. Погледнете го новиот спот на Канје.