Реално шоу со смртна казна

realno-shou-so-smrtna-kazna-povekjeРеално шоу во кое наместо избирање нова поп-сензација се интервјуираат осуденици на смртна казна изгледа навистина неверојатно, но е вистинито.


Најоригиналната идеја меѓу илјадниците реални ТВ формати звучи болно, но продуцентите сметаат дека може да биде корисна. Главната намера е емисијата да биде поучна и да служи како предупредување фокусирајќи се на последиците за извршено злосторство.

realno-shou-so-smrtna-kazna-1

Серијалот разговори со затвореници во Кина се емитувал од 2006 година до минатата недела, а сега американски и британски телевизии подготвуваат документарни емисии посветени на бизарниот феномен.

realno-shou-so-smrtna-kazna-2

Секоја недела новинарката Ding Yu разговарала со по еден затвореник осуден на смртна казна, а честопати буквално непосредно пред погубувањето.

Затворениците детално ги опишувале своите злодела, се каеле и често барале прошка. Затворениците ја ценат идејата за ваква емисија бидејќи инаку немаат кому да се обратат и најчесто ова им е единствена прилика да се збогуваат со семејствата.

Досега само петмина ја одбиле понудата за разговор, а одлука на креаторите на шоуто е да претставуваат само случаи со убиства не вклучувајќи било каков криминал со политички елементи. Затворениците велат дека им е драго што ќе бидат слушнати, водителката вели дека ги сожалува, но не сочувствува со нив, а народот очигледно сака да ги гледа - шоуто има 40 милиони гледачи!

realno-shou-so-smrtna-kazna-3

Би можело да ве интересира:

Девојка останала без заби на 24 години поради проблеми со здравјето - сега доби нови и живее „втор“ ... Поради реакција од лекови против болка, Натали од Канада почнала да повраќа мног...
Жена му упадна на пар среде запросување на плажа - им го уништи моментот (видео) „Слатки сте. Убаво си наместил. Тортата е убава. Може да го видам прстенот? Уште...
Браво! Пар од Тексас собрал донации за детенце, кое е жртва на булинг и бара нови пријатели, за да г... Во емотивно видео споделено на ТикТок, се гледа како детенце на возраст одоколу ...
Џорџ со исплазен јазик не крие дека му е здодевно, Кети Пери не може да си го најде столчето: Детали... Иако беше испланирано до последниот детаљ, крунисувањето на Чарлс Трети за крал ...
„Косата на најдобрата другарка на ќерка ми е полна со вошки, а мајка ѝ е веган и не сака да ги убие ... „Косата на девојчето, кое е најдобра другарка на ќерка ми, е полна со вошки. Реш...
„Имам 53 години и танцувам на шипка – никогаш не сум се чувствувала посреќно, иако ме осудуваат“ 53-годишната Кери е професионална танчарка на шипка. Додека многумина смета...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Успехот нема врска со она што го добиваме или го постигнуваме во животот за себе. Успех е она што го правиме за другите.
Дени Томас