ВИДЕО: Деца на познатите кои се „надвор од контрола“

Деца на познатите кои се „надвор од контрола“



Сите мислиме дека богатите имаат пари за дадилки, па децата ретко им претставуваат проблем. Но, изгледа дека родителството е тешка задача дури и за познатите и богатите. На пример, Кортни Кардашијан морала да бара нова дадилка откако нејзината ќерка Пенелопи ја изгребала претходната на лицето. Норт Вест, ќерката на Ким, исто имала проблеми со дадилките. Таа не само што често ги касала, туку дури и се обидела да отпушти една. Без разлика дали се само разгалени или навистина се личности со проблематичен карактер, ова се децата на познатите кои се „надвор од контрола“.