Султан Марјан во Џубокс

sultan-marjan-vo-jukebox-povekjeНа малата и млада македонска stand-up comedy сцена Марјан Ѓорѓиевски е на врвот по предизвикани реакции. Како што и самиот нагласува, се инспирира...


...од нашата тажна и честопати лажна реалност, па не гледа потреба да ги разубавува фактите.

Знае дека успеал кога ќе забележи дека неговиот хумор здоболува, што секако го постигна и со последните видеа посветени на забавната програма на нашите телевизии и животниот стил на метросексуалците.

А неодамна како самопрогласениот султан Факир Трети Велики им се обрати на поданиците поигрувајќи си со низа општествени феномени што ја опседнуваат Македонија.

Додека ги исчекувате следните клипови, читкајте ги неговите записи и не пропуштајте прилика да го видите во живо.

Ако побрзате со резервациите на 077 593 867 или 076 489 475 веќе утре во 22 часот во кабаре-клубот Џубокс и лично ќе се уверите дека македонската интернет сензација е уште посмешна во живо!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Верувај им на луѓето и тие ќе ти возвратат со искреност, постапувај со нив со величественост и тие ќе се однесуваат величествено.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)