ВИДЕО: Какви автомобили возат милијардерите?

Какви автомобили возат милијардерите?



Автомобилите долго време претставуваат статусен симбол за милионерите и милијардерите. Тие се одличен начин да го покажат нивното богатство и да се пофалат за нивната моќ. Па, сигурно ве интересира какви автомобили избираат некои од најбогатите луѓе во светот. За основачот на Facebook, Марк Закерберг, е познато дека во 2014-та купи автомобил Pagani Huayra. Најновиот модел од овој автомобил има цена од околу 2,5 милиони долари. Но, изгледа дека не сите милијардери одбираат скапи и луксузни автомобили - некои од нив се задоволуваат и со навистина скромни модели…