ВИДЕО: Слушнете ја преработката на „Не ми го земај времето“ од Саксакустикс

Слушнете ја преработката на „Не ми го земај времето“ од Саксакустикс



Саксакустикс е македонски акустичен бенд од тројца членови во следниве улоги: Иван - саксофон, Никола - гитара и Иво - вокал. Еден од нивните приоритети е негување на македонската забавна музика и „оживување“ на веќе заборавените македонски поп песни. Токму поради тоа, бендот почна со преработка на македонски стари хитови. Дел од овој проект е и каверот на „Не ми го земај времето“, оригинално изведена од Калиопи. Уживајте!