ВИДЕО: Мараја Кери со нов спот за „All I Want for Christmas Is You“

Мараја Кери со нов спот за „All I Want for Christmas Is You“



Можеби „All I Want for Christmas Is You“ е најомразената божиќна песна, но факт е дека секоја празнична сезона е и најпопуларна. Годинава, хитот на Мараја „слави“ 25 години, па по тој повод пејачката објави уште еден спот, а од издавањето во 1994-та, песната за прв пат се најде на првото место на листата Billboard Hot 100. Мараја изјави дека овој спот е целосна спротивност на оригиналниот, но дека „духот“ на песната е ист. Овојпат пејачката сака да покаже какво влијание имала песната врз неа и нејзината музичка кариера, па смета дека новиот спот е одличен начин да го направи тоа.