ВИДЕО: Еволуција на гласот на Камила Кабејо од 2011-та до денес

Еволуција на гласот на Камила Кабејо од 2011-та до денес



Камила Кабејо е пејачка која се прослави со групата Fifth Harmony, формирана за време на X Factor во 2012-та. Оттогаш таа издаде неколку хитови со бендот, а започна и своја соло кариера. Вокалот на 22-годишната пејачка е вистинско освежување за светската музичка сцена, па не е ни чудно што нејзината кариера се движи само во нагорна линија. Но сте слушнале ли како пее Камила на почетоците од нејзината музичка кариера, па дури и пред да се пријави на X Factor? Ова видео е компилација од неколку нејзини изведби од 2011-та до денес и одлично ја прикажува еволуцијата на нејзиниот глас.