Препорачуваме: Skopje Remixed - Филмот кој ќе го ремиксува Скопје

preporacuvame-skopje-remixed-povekjeSkopje Remixed или Филмот кој ќе го ремиксува Скопје, ќе ја има својата премиера денес 29.03.2012 во Киното Милениум. По ова ќе се прикажува на...


...редовниот репертоар на киното до 19. април, а потоа во Кино Фросина.

Каква приказна се крие зад овој филмски ремикс?

„Скопје ремикс“ е музичко-филмски омнибус од 9 кратки филмови во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски.

Идејата на овој проект е да се покаже една урбана страна на Скопје, во која ќе се промовираат македонските уметници, покрај младите режисери тука огромна улога играат и македонските музичари а исто така и наши скулптори и мултимедијални уметници, кои имаа можност да бидат дел од овој филм и да учествуваат во него презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин.

На кратко за темите во 9те кратки филмови:

  1. Скопски љубовџии - Филмот произлезе од две интересни барања кои требаше да ги исполниме работејќи на омнибусот. Првото барање беше дека, нормално како филм за Скопје, треба на некаков начин да го наслика нашиот град. Јас се одлучив за бетонот на градски ѕид и добро познатите подземни гаражи. Кога ќе размислам за мојата одлука, мислам дека на некој начин е поврзана со моите тинејџерски години, кога практично израснав на клупите во околина на градски ѕид. Второто барање беше филмовите на некој начин да зборуваат за љубов. Се обидов да размислувам надвор од сопствениот круг и се одлучив за една нетипична комедија, што е многу чудно за мене. Но, ми годеше искуството и мислам дека излезе еден интересен и непретенциозен филм. Беше едно незаборавно, скопско, љубовно патување." - Ѓорче Ставрески

    preporacuvame-skopje-remixed-1

  2. Брус Ли ис а Пуси - Приказна за три брата. Симпатични, дисфункционални скопски полу-идиоти, погледнати низ призмата на едниот од тројцата. Како филм во филм или како што вика едниот од браќата, „да не се сведе се на банална, дијалошка дијареа со примеси на магичен реализам". „Брус ли ис а пуси“ е филм за потребата од суперхерои, па макар и метафорични, кои ќе засадат здраво семе во се позагадената медиокритетска „почва" на главниот град.

    preporacuvame-skopje-remixed-2

  3. Поган Паган - Овој анимиран филм раскажува за деца сирачиња кои животот во Скопје го доживуваат како видео-игра. Приказна која е своевиден современ скопски Оливер Твист.

    preporacuvame-skopje-remixed-3

  4. Среќни краеви - Љубовна приказна помеѓу девојка и член на музички бенд. Радиостаници, книжарници, гитари, недоразбирање. Украдена книга со заменети страници која го менува крајот.

    preporacuvame-skopje-remixed-4

  5. Опера - Станува збор за комична љубовна приказна, раскажана во стилот на германскиот експресионизам и американскиот филм ноар. Филмот претставува мал „скопски“ омаж на старите филмски класици кои толку многу ги сакам. - Даријан Пејовски

    preporacuvame-skopje-remixed-5

  6. Свиркачот - Скопје 2063 година, сто години по катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје. Во оваа постапокалиптична, орвеловска иднина, механизмите на контролата и моќта ги потиснуваат и репресираат сите кои размислуваат поинаку. Идентитетот на главниот лик во овој филм е непознат, секогаш притаен меѓу сенките и бетонските ѕидови.

    preporacuvame-skopje-remixed-6

  7. Фото Финиш - Во Скопје има конфликт. Од една страна има луѓе кои ја чувствуваат урбаната вибрација на градот, и самите придонесуваат таа вибрација да се зголеми, за градот да ни биде поубав, во секој смисол. Тие го прифаќаат целокупното наследство што го нуди градот, физичко и духовно, и се обидуваат да ја движат работата во вистински правец, и на двете нивоа.
    Од спротивната страна дејствува какофонија од плитки интереси, безобзирни пробисвети, подмолни безименковци под рака со надмени компании, најчесто поддржани и од институции кои веќе го изгубиле компасот и образот. Тие ни го нагрдуваат градот, и физички и духовно. Во Фото Финиш, врз основа на вистинит настан, конструирана е приказна која на метафоричен начин го отсликува токму тој конфликт.

    preporacuvame-skopje-remixed-7

  8. Мангава Диско Панк - Приказна за фронтменот на првиот и единствен скопски ромски панк рок бенд. Тој е нетипичен маргиналец кој е ставен во дилема дали да се откаже од својот музички сон. Иронично, една негова откачена ноќна мора ќе му го даде вистинскиот одговор. Филмот е надреална романтична комедија која се поигрува и изместува многу стеротипи за нашиот град.

    preporacuvame-skopje-remixed-8

  9. Боите на љубовта - дејата за овој мјузикл е инспирирана од мојот живот во Скопје. Во последно време сè поочигледна станува поделеноста на луѓето по бои. Секојдневно сме бомбардирани од секакви кампањи кои велат дека токму нивната боја е вистинската, од политичките кампањи до масовнота контаминација од страна на мобилните компании кои би го брендирале градот во една боја доколку тоа им е дозволено. Главниот лик во филмот верува дека одговорот лежи во соларната светлина бидејќи само таа е спектар од сите бои. За него љубовта е во прифаќањето на сите бои. – Борјан Зафировски

    preporacuvame-skopje-remixed-9


Ова е официјалниот трејлер за филмот:

Ние со нетрпение чекаме да го погледнеме!

Би можело да ве интересира:

Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...
Бредли Купер повторно се разочара, Oppenheimer издоминира - Листа на победници на Оскари 2024 Најдобар филм е Oppenheimer на Кристофер Нолан кој воедно доби статуетка за најд...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...
„Тајни“ кодови за пребарување на Нетфликс по категории Знаевте ли дека на Нетфликс можете да користите кодови за подетално пребарување ...
10 добитници на Оскар за најдобар филм што секој мора да ги изгледа American Beauty, Chicago, No Country for Old Man … Ако немате навика да гледате ...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Големата надеж е многу поголем поттик во животот отколку што би можела да биде каква и да е доживеана радост.
Фридриг Вилхелм Ниче (1844-1900)