ВИДЕО: Што прави денес Псај, пејачот што ја изведе „Gangnam Stye“?

Што прави денес Псај, пејачот што ја изведе „Gangnam Stye“?



Во 2012-та година, целата планета дозна за Псај благодарение на хитот „Gangnam Style“. Но после големиот успех, и уште 2-3 песни, тој како целосно да исчезна од лицето на Земјата. „Gangnam Style“ стана првото видео на YouTube со над милијарда прегледи, а поради ова, пак, платформата мораше да го менува кодот. Наводно, никој не верувал дека некое видео ќе има милијарда прегледи, но Псај ги убеди во спротивното. Денес ѕвездата од Јужна Кореја како да ја нема никаде, но тоа не значи дека не прави ништо. Погледнете го видеото и дознајте што прави денес Псај и до каде е неговата кариера.