ВИДЕО: Актерки кои успешно ја скрија својата бременост од јавноста

Актерки кои успешно ја скрија својата бременост од јавноста



Навистина е тешко да скриете дека сте бремени. За познатите, пак, кои се постојано бркани од папараци и фотоапарати, ова може да изгледа како невозможен подвиг. Сепак, некои славни дами го направиле невозможното и ја скрија нивната бременост од целиот свет. Камерон Диаз „од никаде“ изјави дека станала мајка. Во периодот кога беше бремена, актерката ретко објавуваше на социјалните мрежи, па многумина веруваат дека ова ѝ помогнало да ја скрие бременоста. И Блејк Лајвли е експерт за криење бременост, па трите бремености на актерката, колку-толку, поминаа во тајност.