10 жешки секс сцени од филмови кои морате да ги пробате

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-povekjeДобрите филмови се забава, но и бегање од досадната реалност. Но жешките филмски сцени можат да ви пружат инспирација и раст на...


...температурата во спалната соба.

Не мора да гледате порнографски филмови за да го разбудите секси расположението и да го збогатите својот сексуален живот.

Најпознатите холивудски актерски парови може да ви дадат некои идеи. 

1. Неочекувани места

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-1

Најжешката сцена во еротскиот трилер "Sliver" е ненадејната средба помеѓу Вилијам Болдвин и Шерон Стоун наслонети на ѕид. Во филмот „Неверна“, Дајан Лејн, оди со Оливер Мартинез на брз секс во тоалетот на ресторанот каде што се отидени на вечера со пријателите.
Пораката е: изненадете го на места каде што не очекува: во бањата кога се тушира пред да оди на работа, во кујната, потпрени на ѕид во ходник - само што дошол од работа или пред да излезете на вечера со неговите родители.

2. Мокар секс

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-2

Сексот на Ким Бесинџер и Мики Рурк на скали, на дожд во филмот „Девет ипол недели“ е една од најеротичните секс сцени било кога снимени. Ако немате можност да се бакнувате на летниот дожд, обидете се во када или базен како Брус Вилис и Џејн Марш во „Боите на ноќта“.
Дочекајте го во комплетно водена бела маица под туш, мажите ги возбудуваат контурите на градите и брадавиците под мократа маица.

3. Стриптиз

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-3

Изведете стриптиз во спалната соба само за неговите очи. Безвременската класика "You Can Leave You Hat On" на Џо Кокер стана заштитен знак на незаборавната сцена во која Ким Бесинџер игра за Мики Рурк во веќе споменатиот филм „Девет ипол недели“.

4. Превез на очите

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-4

Том Круз и Никол Кидман ги истражуваат границите на својата сексуалност во филмот „Со ширум затворени очи“, но вие не морате да ги поминувате опасните граници. Доволен е повез на неговите или вашите очи за време на предиграта и сексот за да уживате во сетилата.

5. Пред огледало

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-5

Даниел Деј Луис и Лена Олин водат љубов пред огледало во филмот „Неподнослива леснотија на постоењето“. Кога тој седи пред големо огледало, пружете му орален секс. Нека го гледа вашето тело како се припива кон неговото, а потоа заменете ги улогите.

6. Фотографирајте се

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-6

Леонардо Ди Каприо ја слика голата Кејт Винслет во „Титаник“ што е исклучително еротично и возбудливо за тоа време. Фотографирајте ги вашите гради или делови на телото кое тој ги обожува, гледајќи се во огледало и пратете му ги сликите додека е на работа. 

7. Секси костуми

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-7

Во филмот "History of Violence" Марио Бело ја облекува својата средношколска навивачка униформа и внесува возбуда во брачниот секс со Виг Мортенсен. Одете во шопинг со партнерот и тој нека ви одбере омилен секси костум. Вечерва и вие можете да бидете лоша полицајка, болничарка или француска собарица.

8. Танц

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-8

„Dirty dance“ е еден од најсензуалните филмови, како поради секси музиката така и поради хемијата помеѓу Патрик Свејзи и Џенифер Греј. Оживејте ја сцената кога играат сами во неговата соба сензуално припиени еден до друг. Одберете музика која кај вас ќе разбуди секси расположение, на пример песните на Бери Вајт.

9. Mашина за перење

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-9

Кејт Винслет и патрик Вилсон во филмот „Мали деца“ водат љубов на машина за перење која што работи. Никогаш нема да го заборавите сексот кој ќе го имате додека седите на вклучената машина за алишта.

10. Невино предизвикувајте го

10-zeski-seks-sceni-od-filmovi-koi-mora-da-gi-probate-10

Во спортскиот филм "Bull Durham", играчот на безбол кој го глуми Кевин Костнер ги лакира ноктите на нозете на Сузан Сарадон. Предизвикувајте го и продолжете ја предиграта со невини игри. Замолете го да ви ги масира стапалата  по напорниот работен ден или да ви ги лакира ноктите на стапалата.

Би можело да ве интересира:

„Водопад“ - секс поза за партнерите кои сакаат да експериментираат (18+) Дали сте ја пробале позата „водопад“? Таа е една од илјадниците секс пози на Кам...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се заг... „Јас имам 33 години и сè уште сум уште невина, дали е ова штетно за женското здр...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Совети за еротска масажа за незаборавно искуство со партнерот Еротската масажа има за цел ослободување од напнатост и стрес, а овие совети ќе ...
Пет навики на мажите со кои ненамерно ја уништуваат довербата во врската За секој телефонски разговор заминува во другата соба, не признава кога згрешил,...
3 секс пози наменети за оние што сакаат длабока пенетрација, а им е здодеано од кучешката (18+) Овие 3 секс пози пред сè ја стимулираат Г-точката и овозможуваат длабока пенетра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Нема воз на кој не би се качила без оглед на тоа каде оди.
Една Ст. Винсент Миле (1892-1950)