ВИДЕО: Како изгледаше трансформацијата на Шарлиз Терон за улогата во „Bombshell“?

Како изгледаше трансформацијата на Шарлиз Терон за улогата во „Bombshell“?



Во „Bombshell“ ги видовме Шарлиз Терон и Никол Кидман како поранешните водителки на Fox News, Мегин Кели и Гречен Карлсон. Мејкап тимот на филмот, кој доби и номинација за Оскар, навистина се потрудил да ги направи актерките речиси идентични на личностите што ги глумат. Всушност, кога ќе погледнете фотографии од Шарлиз во филмот и од вистинската Мегин, може да ви биде тешко да одредите која е која. Трансформацијата на Шарлиз е изведена со помош на протези и шминка, а ова видео одлично го прикажува целиот процес.