Денови на кариера '12

denovi-na-kariera-12-povekjeДенови на кариера е централниот настан во областа на развојот на кариерата во нашата земја. Цел на проектот е да се овозможи интеракција помеѓу...


...студентите и македонските компании, да се зголеми свеста кај студентите за тоа што точно компаниите ценат кај своите идни вработени, развој и едукација на студентите со цел оспособување за почетните чекори при градење на успешна кариера, зголемување на вработеноста на студенти од сите факултети.

Проектот се случува под директно покровителство на Економскиот Факултет-Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј и претставува дел од долгорочната цел на започнување на кариерен центар во оваа високо образовна институција.

denovi-na-kariera-12-2

Оваа година, активностите во склоп на Денови на Кариера ќе се одвиваат од 20ти до 29ти април. Предвидени се три едукативни семинари:

- Едукативен семинар „Развој на кариера“ на Економски Факултет, 20-22 април, котизација 550 денари

Опфаќа теми кои ги подготвуваат студентите за животот по студиите со цел полесно да се адаптираат во работната средина која ги очекува
http://www.facebook.com/events/278531315564768/

- Едукативен семинар „Финансии и кариера“ на Економски Факултет, 21-22 април, котизација 300 денари

За прв пат оваа година се одржува семинар со ваква тематика со цел развој и едукација на студентите поради се поголемата потреба од високо образовани стручни кадри со познавање на работа со финансии
http://www.facebook.com/events/359499984101512/

- Технички Форум на ФЕИТ/МФС, 28-29 април, котизација 300 денари

Наменет за студентите од техничките факултети  со предавачи од областа на ИТ, енергетиката и машинството во врска со најактуелните теми од оваа област

denovi-na-kariera-12-3

Искуството од минатите години покажа дека преку Денови на Кариера многу студенти остварија контакти со познати македонски компании, добија пракси и вработувања, слушаа како успешните менаџери стигнале до тој успех и научија дека сами го градиме патот до успехот.

Учесниците ќе добијат сертификат за својот придонес и учество на семинарите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не можам да се сетам на ден од мојот живот кога не му се радував на утрото. Имаше денови за кои знаев дека ќе бидат тешки, но секогаш сакав да се соочам со денот.
Глорија Гејтер