Филмски викенд: Во светот на животните

filmski-vikend-vo-svetot-na-zivotnite-povekjeЗа овој продолжен викенд ви спремивме филмови за релаксација на очи и душа. Ви направиме фина селекција на филмови со животни што покрива...


...широк спректар на жанрови, имаме откачена комедија, авантура и драма.

Сите три предози се одлични и не би одвоиле фаворит бидејки сите заслужуваат да бидат видени.Кога зборуваме за филмови со животни некако се подразбира дека не очекуваат интересни приказни и одлична кинематографија, па да знаете дека нема да бидете разочарани.

Уживајте во овој филмски викенд!


The Big Year (2011)

filmski-vikend-vo-svetot-na-zivotnite-1

Ако ме прашате мене, ова е одличен викендашки филм. Имаме супер екипа од главни актери, прекрасни локации и интересна оргинална приказна. Филм кој ќе ве релаксира и ќе ве едуцира.

Ги следиме трите централни ликови, што водат дијаметрално различни животи, а единствено заеднично нешто е нивната љубов према птиците.

Тие се дел од фино одбрана група американци, кои секоја година ја шетаат северна Америка и ги гледаат птиците. Иако не верував на почеток, набљудувањето птици е вистинско хоби.

Едниот е скоро пензиониран бизнисмен, другиот е посветен набљудувач на птици, а третиот е нереализиран во ниедно поле и уште се пронаѓа себеси.

Нивната дружба е дел натпревар, а дел пријателство. Прекрасен филм кој може да ви ги премести приоритетите во животот, или да ве натера да го правите тоа што го сакате, а не тоа што морате.

Режија: David Frankel
Глума: Owen Wilson(професионалниот набљудувач на птици), Jack Black (неисполнетиот дечко), Steve Martin (скоро пензионираниот бизнисмен)


Strange Wilderness (2008)

filmski-vikend-vo-svetot-na-zivotnite-2

Иако е комедија, не е комедија за секчиј вкус. Или ќе ви се допадне и ќе се тркалате од смеење или ќе ви биде досаден и ќе ме колнете што сте го послушале мојот предлог. Затоа во кратки црти ќе пробам да ви доловам што да очекувате.

После смртта на татко му, Питер ќе ја наследи неговата телевизиска документарна емисија за дивата природа. Но таа емисија е неверојатно непопуларна и шефот планира да ја тргне од етерот.

Питер пробува да смисли нешто невообичаено и откачено, како би ја задржал емисијата, но неможеме да очекуваме чудо од него зашто е прилично несериозен, глупав и мрзлив.

А не помага ни тоа што целата негова екипа е подеднакво неспособна како него, но некако тргнуваат накај Еквадор за да го докажат постоењето на Бигфут.

Филмот е преполн со успешни комедијанти, и е од оние стонерски филмови како Pineapple Express, па гледајте го со поприлично отворен ум.

Режија: Fred Wolf
Глума: Steve Zahn (Питер), Allen Covert, Justin Long


We Bought a Zoo (2011)

filmski-vikend-vo-svetot-na-zivotnite-3

Како за крај, една фамилијарна лесна драма што ќе ви го стопли срцето и ќе ве занимава некои два саати. 

Бенџамин е вдовец кој незнае како да живее без сопругата, и неможе да се справи со обврските на самохран татко. Барајки нова куќа, како би се справил со новиот живот полесно, тој се заљубува во една куќа далеку од сè.

Но, има финта, куќата доаѓа со зоолошка градина. Бенџамин го прифаќа предизвикот, и со помош на синот, ќерката и одлепените вработени тој ја дотерува зоолошката, и ќе ја отвори за јавноста.

Ако ме прашате мене мислам дека има премалку сцени со животните, а премногу фамилијана драма, но тоа нема да ви биде проблем за да уживате во овој филм.

Приказната е трогателна, глумата феноменална (особено малечкото девојче што ја глуми ќерката), и општо целата актерска екипа фантастично се склопени.

Интересен факт е дека филмот е правен по вистинска приказна, Бенџамин навистина ја отворил зоолошката која фукнционира и ден денес.

Режија: Cameron Crowe
Глума: Matt Damon (Бенџамин), Scarlett Johansson

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
5 секси серии на Нетфликс за летните вечери Гледањето секси ТВ серии во текот на летните вечери може да биде возбудлив и при...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Како режисерот Вес Андерсон ги прави најуникатните и визуелно највпечатливи холивудски филмови? Симетрија, пастелни бои и впечатливи реквизити - кои се тајните на Вес Андерсон,...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
При крајот на животот, успесите не значат веќе многу. Важно е само пријателството.
Пам Браун