Кога глумењето оргазам е оправдано и дозволено?

koga-glumenjeto-orgazam-e-opravdano-i-dozvoleno-povekjeДевојките за тоа не сакаат да зборуваат, а момците не сакаат ниту да помислат дека нивната партнерка тоа би можела да го направи.


Некои девојки сметаат дека тоа е бесмислено, а други од време на време ја применуваат таа мала измама.

koga-glumenjeto-orgazam-e-opravdano-i-dozvoleno

Глумењето оргазам повеќето луѓе го осудуваат и општ став е дека тоа е забрането во креветот.

Ако веќе не знае самиот, девојката би требало да му каже на партнерот што сака и како може да ја задоволи, а не да се претвора и да го лаже партнерот, но и себеси.

Некои мажи дури тврдат дека кога нивната партнерка би им одглумила оргазам и кога тоа би го дознале, тоа би бил последниот секс со таа личност.

Сепак, секое правило има исклучоци па така постојат ситуации кога глумењето оргазам е оправдано.

1. Секс за една ноќ
Нема смисла да му ги објаснувате некому своите ерогени зони ако постои голема веројатност дека по сексот таа личност повеќе нема да ја видите или барем нема повеќе да спиете со него. Затоа во овој случај е дозволено малку да се одглуми и да му се олесни трудот на партнерот.

2. Кога тој не знае што прави
Тажно, но вистинито: некои момци не знаат што прават во креветот. Во тој случај можете да застанете, да му појасните што не како што треба и да пробате повторно. Или можете да одглумите оргазам и во друга прилика да го подучите што треба да направи  за да задоволи девојка.

3. Тој е чувствителен плачко
Ако не можете да ја поднесете мислата да го повредите кога тој толку се труди, наместо да го нападнете излажете го дека сте доживеале одличен оргазам. Можеби така само го одложувате неизбежното, но додека сте во љубовен клинч подобро е малку да му го поткренете егото, а разговорот оставете го за некој помалку интимен момент.

Би можело да ве интересира:

„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+) „Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите неп...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
„Мојот нов партнер немаше идеја како да ме задоволи во кревет - што направив јас?“ (18+) „Забележав дека вистински се труди да ми приреди задоволство, но неговите прсти ...
Најчестите работи кои луѓето ги мразат кај своите партнери (според експертите за врски) Што мразите вие најмногу кај вашиот партнер? Која негова карактеристика или одне...
„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
„Магичен куршум“ – Секс поза која одлично ја стимулира Г-точката (18+) Идеална е за стимулација на Г-точката на партнерката, а ќе му се допадне и на па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
За да станеш шампион, бори се уште една рунда.
Џејмс Џ. Корбет (1866-1933)