ВИДЕО: „Што ќе пиете? – Што е отворено“ – Сашко Коцев се шегува за Македонците на маса во НАТО

„Што ќе пиете? – Што е отворено“ – Сашко Коцев се шегува за Македонците на маса во НАТО



Покрај многуте комични точки на Златна Бубамара 2020, во кои Сашко Коцев ги исмејуваше настаните кои се случија во изминатиот период, тој се пошегува и на сметка на Македонците во НАТО.

Како би изгледале Македонците кои на плажа оставаат пешкири рано наутро за да фатат место, кога би отишле да седнат на маса во НАТО?

Секако, тој не пропушти прилика да се пошегува и на сметка на името, како и за пасошите кои се во недостиг, за воздухот и за уште многу други ситуации, кои ќе имате можност да ги гледате кога ќе се емитува на телевизија.

Ако сакате да доживеете дел од атмосферата пред емитувањето, прочитајте - Стоечки овации за Медена земја, спектакуларни настапи - Најдобри моменти од Златна Бубамара 2020 (фото+видео)