Омиленото овошје ја открива вашата личност

omilenoto-ovosje-ja-otkriva-vasata-licnost-povekjeТеоријата дека омиленото овошје ве разоткрива потекнува од древната Јапонија, каде што луѓето сметале дека овошјето е создадено за да ја усогласи...


...или врати рамнотежата во човековото тело.

Стручњаците тврдат дека омиленото овошје е многу точен показател за личноста и дека поради тоа многу често го сонуваме.

Психолозите толкуваат дека зрелото овошје во сонот преставува чувствителност и задоволство и дека може да укаже на некој проблем во врска со сексуалноста.

Незрелото овошје, од друга страна, укажува на нетрпеливост и брзање и дека би требало малку да се успори, да не се реагира веднаш.

Доколку одберете круша, портокал, јаболко, банана или јаготка, лубеница или грозје, стручњаците тврдат дека тоа ќе покаже каква личност сте.

omilenoto-ovosje-ja-otkriva-vasata-licnost-1

Јаболко

Открива вредни и пожртвовани луѓе, традиционалисти кои не се склони кон ризици. Тие ги ценат вистинските вредности, а во љубовта негуваат цврсти врски и фер-плеј. Не изневеруваат, не лажат, ако престанат да сакаат, тоа го кажуваат и си одат. Срдечни се, добри пријатели и некој на кого можете да се потпрете. Љубителите на јаболка се малку предвидливи, поради што се случува луѓето лесно да ги повредат или измамат. Во љубовта се реални и ретко кога се случува да ја „изгубат главата“.

Круша

Крушата открива, нежна попуслива личност, која е љубезна кон сите и секогаш сака да помогне. Стручњаците тврдат дека луѓето кои што сакаат круши се изразито елоквентни, добри раскажувачи. Сепак, љубителите на круши се склони кон меланхолија и многу тешко се опоравуваат од емотивните шокови.

omilenoto-ovosje-ja-otkriva-vasata-licnost-2

Портокали

Снаодливи, но прилично затворени луѓе, па ќе ви биде потребно многу време навистина да ги запознаете и сфатите. Чудни се, склони се кон промени на расположение, воздржани. Во љубовта се пасивни и рационални, но доколку наидат на партнер што им одговара, се претвораат во фатални љубовници. Љубителите на портокали имаат исклучително силен сексуален полнеж, но не се склони кон други врски.

Јагода

Таа е омилено овошје на забавните, гостопримливите луѓе, луѓе со истанчен вкус и добар стил. Тие умеат да уживаат во убавите работи и знаат себеси да си угодат. Во љубовните врски се неодоливи, но тешко простуваат. Ако ги повредите или излажете, бидете сигурни дека кога-тогаш ќе ви вратат.

omilenoto-ovosje-ja-otkriva-vasata-licnost-3

Банана

Упатува на благи и менки личности, иако тие карактеристики не би им ги доделиле на прв поглед. Луѓето кои што сакаат банани се сентиментални, чувствителни на критика и емотивни. Нив ги карактеризира и непостојаност и нагли промени на одлуките во последен час. Често пати се покајуваат поради своите постапки и многу им е важно каков впечаток остават кај другите. Во љубовта се потполно верни, сите нивни љубови се фатални, но често и мнгу посесивни.

Лубеница

Оптимисти, некој кој животот секогаш го гледа од посветлата страна, дури и кога не оди онака како што планирале. Не се жалат, вредно работат за да ја постигнат целта. Имаат трпение и обзири, но умеат да постават граница. Тоа се чувствителни личности кои уживаат во нежностите на сексот.

omilenoto-ovosje-ja-otkriva-vasata-licnost-4

Грозје

Тоа разоткрива друштвена личност, идеална за тимска работа. Љубителите на грозјето се добри организатори, родени лидери и коректни соработници. Приватно се малку воздржани, па нема да може да ги запознаете доколку тие тоа не го сакаат. Суптилни се и амбициозни, самоуверени, свесни се за своите квалитети, но критични кон себе и кон другите. Понекогаш се престроги, но секогаш добронамерни. Во љубовта не сакаат компромиси, сакаат сè и тоа веднаш, но се предаваат во потполност. Тоа се луѓе кои паметат цел живот, кои ве менуваат и кои ги сакате покрај сè.

Праски

Ги сакаат луѓе кои имаат високи критериуми и во љубовта и во работата и со пријателите. Кога ќе ве прифатат и засакаат, ќе ви бидат верни цел живот. Љубителите на праските се најдобри родители.

Смокви

Ги сакаат претпазливи и тактични луѓе кои имаат исклучителна моќ на забележување. Тие се добри љубовници само кога ги инспирира партнерот, во спротивно не се заинтересирани. Сите овие својства ги задржуваат до длабока старост.

omilenoto-ovosje-ja-otkriva-vasata-licnost-6

Цреши

Откриваат промислена, несекојдневна личност со истенчен вкус и непредвидлив карактер. Црешите ги сакаат специфични луѓе кои никогаш не личат на останатите. Тие не сакаат ништо што е обично. Сакаат да ги одложуваат задачите, а во љубовта се недопирливи.

Кајсија

Таа потврдува дека сте добри во комуникацијата, дека сте дружељубиви и шармантни. Опкружени сте со пријатели, а личноста што ја сакате има многу важно место во вашиот живот. Верни се во љубовта и идеален партнер за долги патеки.

Би можело да ве интересира:

Голем нос, влакнести гради: Жени откриваат кои несекојдневни физички карактеристики им се привлечни ... „Сакам ќелави мажи. Многу се секси, особено ако вежбаат“. Убавината е субјективн...
Не мора сите да знаат колку ве чинел одморот - зошто е подобро да си ја чувате приватноста? „Ми ја покачија платата!“, „На работа ми е супер“, „Одиме на одмор во Италија дв...
Спиеле со мажи само еднаш годишно, десната дојка ја сечеле: Вистини и заблуди за Амазонките Од 12 години се учеле да војуваат, одгледувале само женски деца. Постојат митови...
Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Најбитно е да го заслужиш својот сопствен пат и нема да појдеш по него сé додека не го заслужиш. Тоа е вистината.
Тина Тарнер