ВИДЕО: Забавни „направи сам“ проекти со картон

Забавни „направи сам“ проекти со картон



Никогаш нема вишок од идеи за забавни активности за вашите деца. Ако веќе ги изгледавте сите филмови и цртани, ги изигравте сите игри и ги прочитавте сите книги и сликовници, зошто да не почнете некој „направи сам“ проект? Картонот е одличен материјал за вакви проекти бидејќи е лесно да го најдете, дури и бесплатно, а од него може да направите речиси сè. Ова видео содржи неколку интересни идеи за проекти со картон што ќе ве забавуваат со часови.