Како контролингот помага при креирање на успешна бизнис стратегија?

kako-kontrolingot-pomaga-pri-kreiranje-na-uspesna-biznis-strategija-povekjeПред неколку години беше прилично добро. Со години компаниите растеа со  неодржливо брз  раст. Побарувањата и...


...продажбата, а уште попрогресивно се зголемуваше задолженоста. Компаниите најчесто избегнуваа стагнација или пад на приходите бидејки - кој стои, паѓа!

Кога на компаниите им оди добро, ретко и недоволно вложуваат во знаење и умеење кое би довело до превенција на проблеми, а доколку дојде до појава, можат полесно да го дијагностицираат проблемот и да одредат адекватна терапија. Кога сè ќе тргне наопаку, менаџментот преку ноќ ги бара сите релевантни информации за промена на начинот на управување  во новонастанатата ситуација.

kako-kontrolingot-pomaga-pri-kreiranje-na-uspesna-biznis-strategija

Во услови кога вистинската, точна и ажурна информација е вистинска  драгоценост, несредените деловни  и информациски системи се дополнителен товар кој може да ја повлече компанијата кон дното.

Како  до точни информации?

На  прашањето  "Дали целосно го познавате сопственото работење?", менаџерите најчесто без дилема позитивно одговараат и додаваат дека за успешно управување не  им е неопходен контролинг. Но, со примена на контролингот во компанијата таквиот став многу брзо се менува. Иако повеќето менаџери тврдат дека точно знаат, на пример, колкава е цената на чинење на производите и услугите кои ги продаваат, праксата често покажува дека се тие  во заблуда.

Стандардните сметководствени податоци  често  се неприлагодени  за менаџерско управување и со самото тоа можат да им дадат на менаџерите двосмислени или недоволни информации. Неефикасната  организација, несоодветните информациони системи, недоволно квалитетно  дефинирани системи  за  анализа на трошоците, со тоа и на центрите на одговорност, или несоодветниот пристап на изработка на калкулација на производите, му пружаат на менаџментот информации кои можат да бидат од сомнителен квалитет.

Со имплементација на квалитетен контолинг менаџментот може да дојде до неверојатни откритија, кои нивната перцепција за тоа како работат - може фудундаментално да ја променат.

Управувањето со залихите со помош на контролингот

Широката палета на производи на залиха доведува до подобро задоволување на потребите на потрошувачите, со што се намалува можноста за неисполнети нарачки. Меѓутоа, таквото размислување во кризни времиња ја покажува својата негативна страна. Ангажира премногу ликвидни парични средства кои се неопходни за преживување, бидејќи поголемите залихи бараат поголем складишен простор, кој непотребно нè оптеретува со цените за нивниот наем или лизинг.

Во време на криза е прескапо е да се настојува да се задоволат сите потрошувачи. Лошото управување со залихите директно влијае на ликвидноста. Потребно е да се откријат сегментите на залиха кои се исплативи да се држат и понатаму и сегментите од кои веднаш треба да се ослободите бидејќи го намалуваат финансискиот потенцијал, создаваат трошоци без ефект. Во време на глобална економска криза често е подобро да се забрза продажбата и со намалување на цените, отколку да се држи стоката на залиха, па да подоцна целосно се отпише на сметка на приходите. Секако дека во иднина ќе се појави проблем - како цените да се вратат на посакуваното ниво, ама тоа е цена на претходните грешки и недостатоци во набавната   и политиката на залихи.

Дали сме доволно богати за да ги задржиме "лошите"  клиенти?

Во  кризни времиња  мораме повеќе од било кога да им обрнеме внимание на клиентите. Потребно е да ги сочуваме добрите купувачи - со беспрекорен квалитет и услуга, бидејќи и тие внимателно проценуваат дали за вложените средства добиваат соодветна вредност. Исто така е неопходно да ги препознеме купувачите кои за нас не се добри. Двете работи се задача на контролингот кој за тоа има свои методи и алатки, на основа на  јасно зацртани критериуми и мерки. Во добрите времиња лошите купувачи ги задржуваме заради императивот наречен - приход!

Во време на криза, треба на сите да ни е јасно дека приходот не ни е доволен за да преживееме. Приходот "по секоја цена" дури може да донесе повеќе штета отколку корист.

Компаниите кои навремено не го откријат и спречат расипањето на ресурсите, односно новите вложувања во клиенти кои не се рентабилни, во кризните времиња речиси дека немаат шанси за опстанок.

Трошоци – да ги намалите или да ги контролирате?

 Во денешни услови се потешко се постигнува финансиска рамнотежа, адекватна ангажираност на капацитетите, а намалувањето на приходите е на сметка на зголемување на фиксните трошоци. Фиксните  трошоци во криза  им се јамка околу вратот на компаниите, бидејќи остануваат константни и покрај намалувањето на производството и приходите, односно целокупната активност на компанијата. За да се намалат овие трошоци е потребно детално разработено сценарио на активности, кое не може да се направи преку ноќ. Намалувањето на овие трошоци претпоставува реструктуирање на работењето на компанијата во смисла на откажување од делови на имотот кои не се доволно ефикасни.

Во недостаток на вистинска насока најлошо што може да се превземе е намалување на трошоците интуитивно т.е. спрема субјективната проценка на менаџерот.

Праксата покажува дека обично најпрво се отпуштаат работниците и/или намалуваат платите, па речиси целосно се укинуваат трошоците за едукација и стучни усовршувања.

Од друга страна, за да и се спротивстават на кризата, компаниите мораат повеќе од било кога да работат на унапредување на квалитетот на производите или услугите и да ги негуваат врските со квалитетните клиенти. На прв поглед се чини дека сето ова е  контрадикторно. Не може да се очекува толкава мотивираност на вработените, одеднаш за помалку - да сакаат, ама и да знаат - да работат повеќе и подобро. Исто така, неквалификуваните работници  ги немаат потребните знаења со кои би го унапредиле работењето на компанијата во која работат. Впрочем, патот за излезот од кризата е сосема спротивен.  Квалитетните, едуцирани и мотивирани вработени се најголемата поддршка на компанијата која е во криза и само совесната работа и лојалноста можат да му помогнат на сопственикот да го сочува својот капитал.

Во време на криза секако се намалуваат трошоците за маркетинг, но јасно е дека без него  нема ни продажба. За да не ја сечеме гранката на која седиме, мораме сосема точно и егзактно да знаеме кои маркетиншки активности ни носат вистински резултати. Без конролинг имаме само субјективна оценка  врз основа на недостиг на  критериуми, како што е на пример добра продажба. 

Контролингот има задача да го пронајде вистинското место каде "истекуваат пари" на процеси кои не доведуваат до новосоздадена вредност - од неоправдано изгубени работни часови и неквалитетно работење, преку тесните грла и празни одови во деловните процеси, па до маркетиншките вложувања во нерентабилни производи на нерентабилни  пазари.

Сосема е сигурно дека контролингот во иднина ќе навлезе позначајно во  компаниите-поттикнат особено со оваа економска криза. Впрочем, најдобрите одговори на кризата, се слагаат многу, во овој момент  се наоѓаат во самите компании, во нивните материјални и финансиски ресурси, знаат, снаодливоста  и умешноста на сите оние кои влијаат на донесувњето на управувачките одлуки.

Автор: Јасмина Очко,

еден од највлијателните хрватски консултанти во областа на контролинг, менаџерско сметководство, управување со трошоци, планирање и буџетирање.

Предавач на Конференцијата за финансиски контролинг

www.konferencii.com

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Искрени исповеди: По што ќе познаете лош шеф? „Редовно заглавување прекувремено и гледање на тоа како да е нешто нормално. Не,...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Умот никогаш не е во право освен кога е смирен.
Сенека (55 пр.н.е. - 40 пр.н.е.)