Cisco Expo 2012 „Заедно до иновации”

cisco-expo-2012-zaedno-do-inovacii-povekjeНа 6 и 7 јуни 2012 во хотелот Александар Палас во Скопје, ќе се одржи деловно-технолошката конференција Cisco Expo 2012. По втор пат во нашата земја...


...на едно место ќе се обединат експертите од информатичкиот сектор од земјава и регионот, најголемите домашни компании, медиумите, државните и образовните институции, како и пошироката деловна заедница.

Најголемиот светски производител на мрежна опрема, компанијата Cisco Systems, e домаќин на Cisco Expo 2012 кој ќе биде на тема: „Заедно до иновации”. На конференцијата ќе  бидат претставени иновативните концепти на кои Cisco Systems постојано работи во неколку главни подрачја : интелегентни мрежи,  облак, виртуализација, видео и колаборација, во поглед на нивното влијание врз подобрувањето на работните процеси. Еминентни домашни и странски ИТ стручњаци ќе говорат за трендовите во индустријата, а преку презентации и студии на случај ќе бидат претставени најновите технолошки решенија и нивната примена во деловното работење.  Во рамките на настанот ќе се одржат и низа демонстрации во живо за примената на информатичките технологии и начините на кои компаниите можат да го подобрат своето работење, како и начините на кои тие можат повеќе и подобро да ги услужат корисниците.

cisco-expo-2012-zaedno-do-inovacii

„Особено задоволство ми причинува фактот што конференцијата повторно ќе се одржи во Македонија. Настанот полека прераснува во традиција и претставува случување на кое е препорачливо да присуствуваат сите професионалци и деловни луѓе во областа на информатиката и телекомуникациите. Подготвивме богата содржина за конференцијата, пристутните ќе имаат можност да слушнат докажани ИТ експерти од земјата и регионот, што ќе биде одлична можност за квалитетна размена на искуства и знаења. Темите ќе бидат разгледани од аспект на иновациите на кои Cisco Systems постојано работи во неколку главни подрачја – мрежна технологија, колаборација, дата центри и виртуелизација, работење во облакот и видео, а ќе бидат претставени и дел од важните иновации кои се остварени на тие подрачја последните години. Се надеваме дека новите концепти кои ќе ги претставиме ќе им помогнат на учесниците во  осмислување и реализирање на нови примени на технологиите во работењето, што ќе значи конкурентска предност за македонските компании кои ќе се решат да инвестираат во квалитетни ИТ платформи.” – изјави Харис Пињо, генерален директор на Cisco Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Преку овој настан, најдобро се пренесува визијата на Cisco во која иновацијата е движечка сила на успешните и продуктивни процеси во животот и работењето на луѓето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Мудрите не се опкружуваат со неред. Дури и кога се опколени со предмети, чуваат едно тивко, празно и мирно место.
Пам Браун