Баскерфест '12 – театар под отворено небо во Скопје

baskerfest-12-teatar-pod-otvoreno-nebo-vo-skopje-povekjeГрад Скопје, годинава по седми пат е Покровител на манифестацијата Баскерфест 2012. „Тоа е интернационален, мултикултурен, уличен настан со кој...


...се збогатува културната и забавната содржина на Скопје, со неколкудневни исклучителни моменти за смеа и радост на граѓаните. Ова е манифестација која прерасна во долгогодишна традиција и е интересена не само за граѓаните од Скопје и Македонија, туку и за граѓаните од соседните земји
.“

baskerfest-12-teatar-pod-otvoreno-nebo-vo-skopje

Почетокот на манифестацијата е 01 јуни (петок), а ќе трае до 10 – ти  јуни 2012 год. За овогодинешниот уличен фестивал, организаторот „One Way“ најавува спектакуларни акробатски и музички точки кои ќе овозможат незаборавна забава под отворено небо. Во петок, во 19:00 часот, пред Веро-центарот, легендарниот Крис Бул, Wire walk (одење по жица), ќе се погрижи фестивалот да добие спектакуларно отворање, какво што и му доликува.

Од платото на Веро-центарот, „уличниот циркус“ ќе се упати кон  плоштадот Македонија, каде Градоначалникот на град Скопје, г–динот  Коце Трајановски официјално ќе го прогласи почетокот на фестивалот.

Посетителите на „Баскерфест 2012“ ќе можат да уживаат во фантастични точки на повеќе од 30–тина  магионичари, акробати, танчери, жонглери, музичари, уметници од Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Боливија.....

Целта на  оваа манифестација е да се направи еден сплет на културни, забавни и  уметнички содржини и подигање на свеста и значењето на уличната уметност, воведување нова туристичка понуда и промоција на градот Скопје по теркот на сите светски метрополи.

Гореспоменатата цел на овој фестивал – подигањето на  свеста за значењето и вредноста  на уличната уметност, според бројот на посетителите, кој секоја година се зголемува, можеме да кажеме дека ја постигнуваме. Се трудиме секоја година „Баскерфест“ да има шарена и богата програма со различни видови на артисти, со цел да се задоволи сечиј вкус и да има забава за секого.“ – изјави еден од организаторите на Баскерфест, Фимка Шопова.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Можеш да имаш сè што ќе посакаш ако го посакуваш тоа доволно силно. Мораш да го посакуваш тоа со ентузијазам што се пробива низ кожата и се спојува со енергијата што го создала светот.
Шила Греам