7 задолжителни прашања во сексот

7-zadolzitelni-prasanja-vo-seksot-povekjeПред да стапите во сексуални односи би требало со партнерот да поразговарате за некои важни прашања, за подоцна да нема каење. Одговорите се...


...многу важни за вашата заедничка иднина.

Венерични болести
Многу е важно пред да стапите во сексуални односи да разговарате за венеричните заболувања кои можеби некој од вас двајца ги има.

7-zadolzitelni-prasanja-vo-seksot

Поранешни сексуални искуства
Ова е секогаш непријатна тема и не е лесно да се зборува за сексот со бившите партнери, сексот за една вечер... Секако, нема потреба да ги набројувате сите оние со кои сте биле во кревет, но ако имате некои проблеми од минатото кои што не се решени, а би можеле да влијаат на иднината, поделете ги со партнерот.

Кажете што ве возбудува
За вашиот партнер да ги пронајде точките кои посебно ве возбудуваат, морате за тоа да зборувате. Комуникацијата за желбите и очекувањата во креветот треба да постои помеѓу партнерите. Немојте да го оставате сам да размислува и можеби греши, туку директно кажете му што ве возбудува. Потоа разговорот ќе биде подетален и поотворен, а со самото тоа и сексот се подобар и подобар.

Сигурен секс
Еден од најнепријатните моменти во креветот е кога ќе сфатите дека немате заштита при рака. Потоа партнерот најчесто ви вели дека е совршено здрав, или дека ќе внимава, но ако таа идеа не ви се допаѓа и тоа не го сметате за сигурен секс, кажете му јасно и гласно за да избегнете проблеми во иднина.

Непланирана бременост
Сексот може да има многу поинакви резултати освен добриот оргазам. Кога ќе бидете подготвени и ќе процените дека е вистински момент, прашајте го што би се случило ако непланирано останете бремени. Пред тоа секако и самите размислете како ја гледате иднината и дали таму има место за бебе.

Ставете ги сите карти на маса
Молчењето е злато, но некогаш во врската е подобро да ги ставите сите карти на маса. Инаку би можело да биде многу разочарувачки кога ќе сфатите дека тој е далеку од сериозна врска и дека сè му е  само забава, а вие сте барале личност која го бара спротивното. Бидете отворени затоа што така ќе се поштедите од болка и скршено срце.

Слободно кажете што не ви се допаѓа.
Слободно кажете што не ви се допаѓа во сексот. Без разлика што понекогаш и не можете да ја претпоставите реакцијата на партнерот, морате да кажете кога нешто не ви се допаѓа инаку на крајот и двајцата ќе бидете незадоволни. Невозможно е партнерите да си ги читаат мислите и сосема е извесно дека понекогаш ќе прават работи кои не му се допаѓаат на другиот, па затоа искрено кажете што би сакале да е поинаку. 

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали е во ред да мастурбирам секој ден?“ Кои се петте најважни правила за добар секс и дали е во ред да се мастурбира сек...
„Го изневерувам дечкото секогаш кога одам на одмор, во странство важат други правила“ Жена од Англија смета дека е во ред да го изневерува партнерот кога е на одмор, ...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Долга предигра и уште 5 совети за посилен и подолг оргазам (18+) Доживувањето задоволувачки оргазам е важен аспект за сексуалната благосостојба.....
Секс поза „вагон“ – за оние кои сакаат да фантазираат за време на интимниот чин (18+) Доколку сте од оние кои сакаат да фантазираат за време на интимните мигови, оваа...
Прашувам за пријател: „Сакам да пробам анален секс, нервозна сум - што да правам?“ (18+) „Ако никогаш не сте пробале анален секс, нормално е да бидете нервозни и да не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Среќа е кога тоа што го мислите, кажувате и правите во хармонија.
Махатма Ганди (1869-1948)