Што вели астролошкиот знак за пријателството?

sto-veli-astroloskiot-znak-za-prijatelstvoto-povekjeКој е каков пријател, верен, злопамтило или забавен? Во разоткривањето може да ви помогне хороскопот. Овенот е импулсивен, жесток и правдољубив...


Овен
Овенот е импулсивен, жесток и правдољубив, па секогаш ќе ви притрча во помош кога сте во неволја.

Бик
Кога Бикот некому ќе му стане пријател, тоа е за сите времиња - сигурен е, верен и посесивен. Немојте да го навредите зборувајќи за некои други и подобри пријатели бидејќи тоа нема да му биде баш мило.

Близнаци
Иако има многу пријатели, Близнакот главно се потпира само на себе. Секогаш има крајно логични и прифатливи решенија за оние кои бараат помош од него. Се забавува да контактира со луѓе, тоа го прави лежерно и незадолжително. Добар пријател е, но и опасен непријател.

Рак
Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, од вас ќе очекува помеѓу редови да прочитате каков проблем го мачи. Ако не му помогнете кога му е потребно, големо злопамтило е и ќе чека момент да ве потсети на тоа. Поради променливите расположенија, тој е несигурен како пријател.

sto-veli-astroloskiot-znak-za-prijatelstvoto-1

Лав
Лавот сака да помага бидејќи е великодушен и му одговара туѓата благодарност. Со задоволство им помага на другите, отколку тој да зависи од нив, па дури и да се работи за добри пријатели.

Девица
Девицата тешко ќе ја изненадите ако и се пожалите на неправдата која ви е нанесена. Девицата е секогаш подготвена да се фати во костец со неволјите. Рационално гледа на работите, па со логика и објективност ќе ги постави работите на свое место. Непроценлива е како пријател.

Вага
Иако делува површно, Вагата е голем пријател. Личностите родени во овој знак знаат да слушаат.  Вагата не сака да бара помош од пријателите.

Скорпија
Скорпијата никој не ја сака како непријател, но ако ви е пријател, сметајте на безгранична приврзаност. Ако на Скорпијата и доверите тајна, тоа никогаш нема да го злоупотреби. Кога ќе ја изневерите, лошо му се пишува на тој која што ја разочарал.

sto-veli-astroloskiot-znak-za-prijatelstvoto-2

Стрелец
Стрелецот е голем пријател. Внимавајте да не му се замерите бидејќи знае да се одмаздува. Стрелецот секогаш го зборува она што го мисли. Склон е кон елитизам и си бара слични пријатели.

Јарец
Кај Јарецот морате д аги поминете тестовите и проверките. Кога ќе побарате помош од Јарцот тој ќе биде срдечен и полн со разбирање. А кога еднаш ќе го „раскине“ пријателството, тоа е засекогаш. Никогаш не заборава ако сте го издале или изневериле. 

Водолија
Водолијата за пријателите секогаш има оправдување. Пријателствата ги склопува лежерно. Му помага на пријателот и ја снемува, не очекува благодарност затоа што е благороден знак.

Риби
Рибите се родени психолози, па нема подобро рамо за плачење од нивното. Чувствителни се, а знаат и д аги почувствуваат сите ваши потреби. Кога пријателите ќе ги повикаат за помош, секогаш имаат време.

Би можело да ве интересира:

Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Шеговити илустрации како изгледа вљубувањето и љубовта во модерно време Тој е фино, но осамено момче, а таа е зафатена жена што нема време за љубов... В...
Фото-докази дека Сингапур е како земја oд друга планета (и навистина кул место за живот) Лулашки во парк за инвалидска количка, капсули за спиење во универзитетски библи...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
Добил смртна казна за убиството на сопругата, иако немало цврсти докази - Бизарниот случај што е инс... Кога сопругата на Скот исчезнала, сите мислеле дека била киднапирана. Но, штом б...
Модерни навики и промени во светот што им пречат и на младите луѓе „Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Од соништата се направени скапоцените и трајни работи чија убавина продолжува да живее и не бледнее.
Вирна Шиард