31-во традиционално искачување „Титов Врв 2012“

31-vo-tradicionalno-iskacuvanje-na-titov-vrv-2012-povekjeНа 2 и 3 јуни 2012 година, во организација на планинарскиот Клуб „Љуботен“ , ќе се одржи 31-вото традиционално искачување на највисокиот врв на...


...Шар Планина, "ТИТОВ ВРВ 2012". 

Планинарската манифестација на едно место ги обединува планинарите и планинарските друштва од Македонија и цела Европа, кои имаат ист освојувачки поход: да се искачат на Титов Врв, кој е на височина од 2747м.

Планинарскиот клуб „Љуботен“ е најстариот активен планинарски клуб во Македонија, кој постои уште од 1925 година и е организатор на голем број манифестации на Шара, меѓу кои најзначајната е искачувањето на највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв. Во текот на изминатите триесет организирани искачувања на Титов Врв се искачиле над 18.450 планинари.

Планинарските друштва во сабота, 2 јуни 2012 година , ќе пристигнат на Попова Шапка. Во недела наутро, долгата планинарска колона ќе се упати кон Титов Врв. Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу 4 часа. По кратката пауза, планинарите ќе се вратат кон Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена. Поканети се бројни планинарски друштва и планинарски федерации, а оваа година се очекува Титов Врв да го искачат над 1000 планинари. Деталната програма за овогодинешната манифестација може да се најде на веб страната: www.pkljuboten.org.mk.

Покровител на овогодинешната манифестација е АД ЕЛЕМ, а генерален спонзор е ТТК Банка – Скопје.

Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово на сите љубители на планинарењето им порачува да се приклучат кон искачувањето на Титов Врв и со тоа да станат дел од традиционалната планинарска манифестација. Уживањето во прекрасната глетка од врвот, треба само да се доживее...

31-vo-tradicionalno-iskacuvanje-na-titov-vrv-2012

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Постои прекрасен мистичен закон на природата дека трите нешта кои ни се најпотребни во животот - среќата, слободата и душевниот мир, секогаш ги постигнуваме ако му ги пружиме на некој друг.
Непознат автор