6 начини за „лечење“ скршено срце

6-nacini-za-qlecenjeq-skrseno-srce-povekjeНе секој лесно и брзо се опоравува од распадот на врската. Непроспиени ноќи, долги сесии со пријателите, солзи, губење желба за излегување...


...– сето ова е нормална појава.

Во времето кое е предвидено за тагување и преболување, треба да го имате во предвид следново:

6-nacini-za-qlecenjeq-skrseno-srce

1. Бидете добри кон себе. Доколку имате желба – напуштете го домот. Не го поминувајте времето изолирани од луѓето. Направете си дневен распоред во кој ќе ги внесете сите мали задоволства кои можете да си ги дозволите. Не си ускратувајте ниту една можност за дружење, ниту пак за масажа или едночасовна јога.

2. Направете листа на неговите/нејзините негативни карактеристики. Сте се довеле до ситуација кога по раскинувањето, тој/таа е најчудесното суштество кое некогаш сте го запознале? Одеднаш почнувате да си ги набројувате позитивните доживувања и да се каете зошто тој/таа повеќе не е до вас? Престанете да го/ја идеализирате! Имајте на ум дека сега сте ранливи, но тоа не е по ваша вина, туку негова/нејзина!

3. Прекинете го секој вид на контакт. Ова е случај во кој користењето на копчето за блокирање е повеќе од оправдано. Не се јавувајте, ни случајно! Сликите сосема нека исчезнат. Ако ви треба некој за разговор – јавете се на пријателите, не на него/неа!

4. Добијте квалитетно машко/женско внимание. Вашите другарки се смртоносно оружје кога станува збор за утеха. Тие упорно ќе ве убедуваат како вие сте премногу паметна/паметен за него/неа, иако сте свесни дека тие само ви го кажуваат тоа што сакате да го слушнете. Кога станува збор за утеха, другарот е секогаш добредојден. Со малку комплименти – вие повторно ќе бидете горди на себе!

5. Избришете ги сите траги. Чиста куќа! А тоа значи отстранување на сите фотографии, писма, подароци... Ако сте сигурни дека после извесно време тие нема да ви пречат, само складирајте ги на место каде ретко ќе ги гледате. Фотографиите и писмата нека останат на дното на кутијата, а подароците во потполно изолиран дел од вашата куќа. До наредното пребарување се ќе биде полесно.

6. Патувајте. Можеби неможете да отпатувате до Бали, но можете да побарате друштво од најблиските. Со уште некој член од семејството или со некој пријател испланирајте патување или викенд на кое ќе се посветите на самите себе.

Кое е најквалитетното време кое вие сте си го посветиле на себе, по распадот на врската? Дали имате веќе испробани совети од горенаведените и како тие влијаеле на вас?

Или можеби имате некои нови предлози?

Подготвил: М.Д.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Тестот на храброста доаѓа кога сме малкумина.
Ралф В. Сокман (1889-1970)