Како да се победи лошиот здив

kako-da-se-pobedi-losiot-zdiv-povekjeНекои луѓе имаат природно проблематичен здив, но кај повеќето се јавува поради несоодветна лична хигиена. Фатете се за четкичката за заби и испробајте...


...ги нашите совети.

Гумата за џвакање е вистински спас

kako-da-se-pobedi-losiot-zdiv

За да се чувствувате сигурно во секој момент, за да вашата насмевка плени без да се грижите, морате да сте сигурни во вашиот свеж здив. Затоа со себе секогаш носете гума за џвакање без шеќер или пеперминт бонбони.

Помагаат и спреовите

За отстранување на непријатните мириси се користат разни дезодоранси, во вид на спреј или вода за плакнење на устата. Таквите средства се употребуваат во стоматолошките ординации но ги има и во слободна продажба. Средствата кои го поттикнуваат лачењето на плунката исто така го елиминираат непријатниот мирис од устата.

Коригирајте ја исхраната

На свежиот здив на устата делува и исхраната. Интересно е дека кај поедини луѓе гладот може да предизвика лош здив кој го снемува по оброкот. Доколку се храните претежно со масти и протеини, а со малку јаглени хидрати, може да се јави лош здив кој е продукт на нивното распаѓање во цревата.

Внесувањето на некои намирници предизвикува карактеристичен мирис кој не може да се отстрани со миење на забите, а ни со гума за џвакање и други вам достапни средства. Причината за тоа е што мирисот се отстранува претежно преку белите дробови со дишењето па затоа и мирисот е присутен при секое наше издишување. На вас е да се одлучите дали ќе јадете лук, кромид, варени јајца или сирење.

На ист начин од организмот се исфрлува и алкохолот, па затоа долго се чувствува во просторијата по неговата консумација, сè до потполната елиминација од организмот.

Поради сличниот начин на елиминација преку белите дробови, некои лекови исто така го нарушуваат свежиот здив. Мирисот на лекот кај вашиот соговорник ќе се почувствува по употребата на поедини антибиотици, хлоралхидрати, јод и препарати од морфин.

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта секогаш поттикнува и ни кажува дека утре ќе биде подобро.
Тибул (околу 54-19 пр.н.е.)