Прва маркетинг конференција

prva-marketing-konferencija-povekjeНа 8 јуни во хотелот Александар Палас во Скопје со почеток во 9 часот Капитал Академија, членка на Капитал Медиа Гроуп, ќе биде домаќин на...


...Првата Маркетинг Конференција во Македонија.

Конференцијата насловена “Брендови: патот до потрошувачот“ има за цел да ја зголеми свесноста во македонската бизнис-заедница за потребата од градење силни и посакувани брендови, кои на компаниите им помагаат да ја зголемат продажбата, извозот, корпоративниот имиџ, ја јакнат лојалноста на потрошувачите и на деловните партнери.

За искуството во процесот на брендирање ќе зборуваат претставници од: Алакалоид, винарниците Стоби и Тиквеш, од Витаминка, Кока Кола, Порше Македонија, Макпрогрес и Т-Мобиле, потоа директорите на ГФК, на маркетинг агенциите Публицис Македонија, Меккен Македонија и New Moment. Во последниот дел од конференцијата, посветен на брендирањето на Македонија, како исклучително важен процес за тоа во какво светло се прикажуваме во светот, ќе зборуваат министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, Лабина Митевска, директор на филмскиот фестивал “Браќа Манаки“, Иво Лауренчиќ, основач и партнер на IDEA Plus Communications, Виктор Мизо, директор на дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и ЉупчоЗиков, основач и директор на Капитал Медиа Гроуп.

Џејсон Ромејко, интернационален креативен директор на Saatchi&Saatchi за брендот T-Mоbile е главниот спикер на конференцијата, кој Капитал за прв пат го носи пред македонската деловна заедница со помош на Saatchi&Saatchi, членка на Publicis Groupe.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Живеам во мошне мала куќа, но моите прозорци гледаат на многу голем свет.
Конфучие (551-429 пр.н.е.)