ВИДЕО: Џесика Алба, Кети Пери - славни личности кои немаат завршено факултет

Џесика Алба, Кети Пери - славни личности кои немаат завршено факултет



Знаевте ли дека многу познати личности немаат завршено факултет, а некои од нив се отпишале и од средно? На дел од нив кариерата им тргнала во нагорна линија уште во младоста, па сфатиле дека можат да заработат многу и без диплома. Други, пак, иако можеби не оделе на факултет, посетувале разни курсеви и се посветувале на пеењето, глумата и слично настрана од универзитетите. Кети Пери, на пример, има изјавено дека со текот на времето научила како самата да се едуцира. Таа е успешна пејачка и очигледно не ѝ треба диплома за тоа, но секогаш барала начин да научи нешто ново, од која било област…