ВИДЕО: Забавни факти за Вини Харлоу, моделот што ги промени стандардите за убавина

Забавни факти за Вини Харлоу, моделот што ги промени стандардите за убавина



Сигурно досега сте слушнале за Вини Харлоу, моделот со витилиго што ја промени модната индустрија. Нарушувањето што го има Вини предизвикува депигментација на делови од кожата и може да има многу негативно влијание врз самодовербата на една личност. Во детството, Вини била жртва на невкусни шеги и малтретирање токму поради ова нарушување, но денес таа сака да им покаже на сите дека ова нарушување не треба да влијае врз ничија самодоверба. Вини има изјавено дека никогаш не треба да им судиме на другите според изгледот, а фактот што успеа во модната индустрија докажува дека на сите им е „преку глава“ од совршените модели кои поставуваат нереални стандарди за убавина…