Промовирани победниците на Coca-Cola купот

promovirani-pobednicita-na-coca-cola-kupot-povekjeСо пригоден настан, заврши Coca-Cola куп-от организиран од „Отворени забавни фудбалски школи“, Пивара Скопје АД и Coca-Cola, заедно со проектот...


...“Среќна заедница” реализиран со поддршка на Американската Амбасада.

На Големото Финале кое симболично се поклопи со почетокот на Европското првенство во фудбал 2012, му претходеа натпревари кои во изминатите 20-тина дена се одиграа на фудбалските терени во осум општини во нашата земја. Овoj куп опфати повеќе од 70 училишта вклучувајќи над 700 талентирани ученици кои зедоа активно учество.

Над 1.500 момчиња и девојчиња на возраст од 13 до 16 години, заедно со своите другарчиња и членови на нивните семејства земаа активно учество во фудбалските турнири и други спортски и забавни активности кои беа составен дел од Coca-Cola купот. На завршниот турнир златни медали добија момчињата и девојчињата од фудбалските екипи кои го освоија финалето, но сепак за победници беа прогласени сите кои зедоа учество во него, затоа што основната цел на Coca-Cola куп-от беше промоција на активниот живот, развојот на здравиот спортски дух и физичката активност кај младите, давајќи посебен акцент на дружењето, забавата и зближувањето со семејствата.

promovirani-pobednicita-na-coca-cola-kupot-1

Претставникот на „Отворените забавни фудбалски школи“ во земјата, истакна дека без конкретна поддршка од бизнис секторот организацијата на вакви активности би била невозможна.

Благодарение на поддршката и залагањето на Пивара Скопје АД, Coca-Cola и Амбасадата на САД во реализацијата на овој проект, сите ние заеднички - од нашите инструктори, преку училиштата и општините кои беа вклучени во купот и се разбира младинците, нивните семејства и нивните пријатели-врсници, успеавме да покажеме дека токму спортот е врзивното ткиво кое може да внесе нова енергија и да ни го збогати секојдневниот живот на сите нас“, рече Цено Александровски, претставник на оваа организација во Македонија.

Истакнувајќи ги вредностите за кои се залага и ги промовира како партнер во проектот, претставничката на Пивара Скопје АД, Маја Муратовска – Чанговска изјави:

Младите се главната движечка сила на секоја просперитетна заедница. Преку учеството во овој Coca-Cola куп, овие млади луѓе на најдобар начин го потврдија тоа. Тие вложија многу енергија, ентузијазам и борбеност, тимска игра и фер плеј, но и многу желба за дружење и забава, што не прави исклучително задоволни, затоа што тоа се вредностите за кои ние како Пивара Скопје АД континуирано се залагаме и сакаме да им ги пренесеме на младите”.

promovirani-pobednicita-na-coca-cola-kupot-2

Покрај натпреварите во фудбал, во рамки на Coca-Cola купот беа организирани и многубројни разновидни спортски и забавни игри во кои беа вклучени членовите на семејства на учесниците на купот, нивните другарчиња и пријатели, со што настанот прерасна во единствено доживување за сите вклучени страни.

„Мисијата на Coca-Cola секогаш била поврзана со споделување среќа насекаде во светот. И целта на овој Coca-Cola куп во Македонија беше дел од оваа постојана мисија - низ активен живот да го јакнеме здравиот спортски дух, пријателството, дружењето и силните семејни вредности, а сето тоа преку фудбалот како платформа сите нас нѐ поврзува“, изјави регионалниот претставник на Coca-Cola, Димитар Андонов.

Coca-Cola е официјален партнер на Европското првенство во фудбал 2012 кое се одржува во Полска и Украина и континуирано го поддржува спортот и Олимпизмот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Внатре во мене е местото на кое живеам сосем сам и тоа е местото каде се обновува изворот во нас кој никогаш не пресушува.
Перл Бак