Правила на однесување во отворени канцеларии

pravila-na-odnesuvanje-vo-otvoreni-kancelarii-povekjeРаботата во големи канцеларии без преградни ѕидови понекогаш е исклучително напорно, но може да биде сосема подносливо ако се придржувате кон...


...неколку правила на однесување.

Телефон

Колешката толку гласно разговара на телефон што ја слуша целата канцеларија? Во тој случај најдобро е да и покажете црвен картон. Договорете се со колегите од нејзиното непосредно опкружување за знак со кој ќе и ставите до знаење дека претерала.

Мобилен телефон

Силното ѕвонење на мобилниот телефон кој пречи дури и кога сте во градскиот превоз, уште е пострашно ако постојано го слушате на работа. Поради тоа во канцеларија секогаш треба да го префрлите телефонот на вибрации или да го исклучите (барем да го намалите) тонот.

pravila-na-odnesuvanje-vo-otvoreni-kancelarii

Приватни разговори

Колегата има проблеми со девојката? Дали баш сите треба да слушаат додека тие се расправаат на телефон? Излезете надвор кога имате приватни разговори или повлечете се во друга просторија. Исклучок е кога разговорите траат кратко.

Конзумирање храна

Не е проблем ако изедете јаболко или чоколатце на бирото, но шницла и помфрит се забранети.

Парфем и лакирање на нокти

Немојте да заборавите дека вкусовите се разликуваат кога зборуваме за парфемите. За да не ги иритирате колегите, бидете умерени во кристењето парфеми. Ако сакате да ставите дезодоранс немојте тоа да го правите на работното место, отидете до тоалетот.

Би можело да ве интересира:

Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Мораме да бидеме подготвени да се ослободиме од животот што сме го планирале за да го имаме животот кој нè очекува.
Џозеф Кембл