Social Media Day – Караван низ Македонија

social-media-day--karavan-niz-makedonija

Трета година по ред 30 јуни ширум светот се одбележува како светски Social Media Day. По иницијатива и организација на блогот Mashable и неговата огромна заедница на корисници во повеќе од 460 градови на сите континенти ќе бидат организирани настани од различни типови и големини.

Оваа година за прв пат овој ден ќе биде одбележан и во Македонија.

Во сабота, на 30 јуни едно комбе полно со „зависници” од социјални медиуми ќе се упати во три града низ Македонија каде заедно со локалната заедница ќе се дружат и споделуваат знаења.

Дел од оние кои  ќе бидат задолжени да привлечат што е можно повеќе луѓе да се појават на средбите во градовите се: Ива Дујак (@), Андреј Шевченко (@), Сеад Џигал (@), Василка Димитровкса (@), Мартин Димовски (@), Виктор Стојановски (@), Јована Тозија (@) и Александар Алексовски (@) и како организација јас (@) и Наталија (@).

Очекувајте детали за локации и точен временски распоред во следните неколку дена!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Во животот стои цврсто како карпа во морето, без да те обеспокојат или поместат брановите што се креваат.
Хазрат Инајат Хан (1882-1927)