BMW M5 како куршум

bmw-m5-kako-kursum

Сакате да видите нешто необично убаво? Ви ја препорачуваме M5 рекламата снимена од одделот на BMW во Канада. Нема разголени девојки, нема чад од гуми – само супер седан со 560 КС, кој најдобро имитира куршум.

По кратко време од кога е “испукан” од голема цевка, M5 забрзува кон неговата максимална електронски ограничена брзина од 250 км/ч, а потоа кон повеќе цели, соборувајќи ги една по една во успорено движење.

Тоа се две минути од животот кои ние мислиме дека нема да зажалите што сте ги потрошиле. Погледнете и самите во видеото подолу:

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Светот е тркалезен и местото кое можеби изгледа како да е крај може исто така да биде и почеток.
Ајви Бејкер Прист (1905-1975)