Новиот Шкода Рапид – модерен автомобил кој ги буди емоциите во вас

noviot-skoda-rapid-moderen-avtomobil-koj-gi-budi-emociite-vo-vas-1

Обожавателите на висококвалитетни автомобили по атрактивни цени, сега имаат уште една причина за радост- чешкиот производител на автомобили Шкода неодамна го претстави својот нов седан Шкода Рапид, само неколку месеци по воведувањето на Шкода Ситиго. Овој најнов модел на брендот се очекува да пристигне на европските пазари оваа есен и ќе игра  централна улога во стратегијата на раст на компанијата.

„Шкода Рапид импресионира со многу простор, впечатлив дизајн, одличен сооднос цена-квалитет,  сеопфатна безбедност и ефикасни мотори. Ова е модел кој станува репер во сегментот на седани : Шкода Рапид е простран, елегантен и истовремено прифатлив автомобил за целото семејство, кој импресионира со своите паметни решенија, најсовремена технологија и висока ефикасност.  Накратко, тоа е автомобил кој овозможува пријатно возење, а истовремено е и еколошки и со релативно прифатлива цена. Вистински автомобил во вистинско време ", изјави извршниот директор на  Шкода, Winfried Vahland.

Шкода Рапид е позициониран меѓу Шкода Фабија и Шкода Октавија. Рапид е важен модел за марката кој треба да биде освојувач на глобалниот пазар, бидејќи влегува во сегмент кој држи дури 36% од светскиот пазар на автомобили. На автомобилскиот пазар, седаните држат дури 42% од вкупните продажби, со понатамошна тенденција оваа бројка да порасне до 50% до 2020 година.

Škoda Рапид за прв пат го покажа целосно новиот дизајн

Рапид е првата серија автомобили на Шкода која целосно се карактеризира со ново развиениот фабрички дизајнерски лик, кој понатаму ќе продолжи и во другите модели на брендот.

„Ова е автомобил кој се истакнува  уште на прв поглед: јасен, прецизен, свеж и емотивен, " изјави Eckhard Scholz, член на Управниот одбор на Шкода за технички развој.

Совршените пропорции, јасните и чисти површини и острите линии се комбинираат за да се создаде целосно привлечен изглед. Предниот крај на автомобилот внесува промени во врска со типичниот дизајн на Шкода. Новото лого на брендот самоуверено се издвојува на хармонично заоблениот преден раб на хаубата. Предните светла за магла потсетуваат на традиционалниот облик на детелина со четири листа, а задните го имаат типичниот облик на буквата С. 

noviot-skoda-rapid-moderen-avtomobil-koj-gi-budi-emociite-vo-vas-2

Серискиот модел нема да се разликува од концептот и ја задржува линијата на купе. Измени освен во пределот на предните светла, има и на кваките на вратите кои не се слеани во ламарината и кровот кој не е стаклен.

Новиот потомок на Шкода импресионира со изненадувачки простор – тој е долг 4,48 метри и шиток 1.7 метри. Овој седан обезбедува доволно простор за пет патници и нивниот багаж, а тоа е и во согласност со филозофијата на брендот - да нуди паметни решенија и одличен сооснос цена-квалитет, како и севкупна безбедносна опрема. Пет бензински и два дизел мотори се нудат како опции. Најновото остварување на Шкода за прв пат ќе биде јавно прикажано во Париз.

Шкода Рапид е идеален автомобил за семејствата кои се во потрага по простран прв автомобил, кој ги комбинира достапнатата цена и познатиот квалитет на Шкода.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
И покрај сите талкања, среќата секогаш се наоѓа во близина и меѓу работите кои ни се на дофат.
Булвер