Во продажба влезниците за концертот на Здравко Чолиќ

vo-prodazba-vleznicite-za-koncertot-na-zdravko-colikj

Картите кои што се пуштени во претпродажба за најголемиот спектакл за ова лето- концертот на мега ѕвездата Здравко Чолиќ, во наредните 10 дена ќе чинат 500 денари за следење на настанот од терен, за оние кои истите ќе ги набават од туристичката агенција Орфеј.

Поради огромниот интерес кај публиката организаторите им овозможуваат на обожавателите на Чола до 15-ти јули да купат влезници во претпродажба и навреме да се подготват за незаборавно музичко збиднување.

Концертот кој што ќе се одржи на 1-ви август на стадионот Билјанини Извори во Охрид ќе биде единствениот музички спектакл кој големата ѕвезда ќе го одржи во Македонија за оваа година.

Публиката ја очекува неколкучасовно дружење со најголемиот шармер и хитовите од неговите 13 студиски албуми меѓу кои се наоѓаат „Кад погледаш ме преко рамена“ „Јави се јави се“ „Мерак ми је“ „Окано“ „Кад би моја била“ „Мјеркам те, мјеркам“ „Табакера“ и многу други. 

Освен намалените карти, во ТА Орфеј  можат да се набават и карти за фан пит по цена од 1200 денари и ВИП влезници по 3000 денари, а истите се во продажба и во Тобако Тугедер салоните низ Македонија и во туристичката агенција Вис- Пој во Охрид.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Лесно е во светот да живееш според мислењето на другите, лесно е во самотијата да живееш на свој начин, но голем човек е оној кој сред толпата со совршена леснотија ја зачувал својата индивидуалност.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)