ВИДЕО: Скриени опции на вашиот iPhone што сигурно ќе ви бидат од корист

Скриени опции на вашиот iPhone што сигурно ќе ви бидат од корист



Смартфоните на Apple се дефинитивно едни од најбараните во светот и дури вие и да немате iPhone, сигурно познавате најмалку една личност со ваков телефон. Ако и вие користите iPhone, без разлика колку долго, голема е веројатноста да не ги знаете сите опции што ви ги нуди телефонот. На пример, знаевте ли дека има опција со која можете да го направите телефонот околу 20% погласен? А, знаевте ли дека можете да снимате видео без тоа да се гледа на вашиот екран? Погледнете го видеото и дознајте за скриените опции на вашиот iPhone што сигурно ќе ви се најдат.