ВИДЕО: Постојат ли веродостојни докази за живот после смртта?

Постојат ли веродостојни докази за живот после смртта?



Во минатото, пред науката да почне да се развива, речиси сите култури верувале во задгробен живот. Дури и денес повеќето луѓе веруваат во некаков живот после смртта. Ова е тема на којашто може да се дискутира со часови, а најинтересно е тоа што немаме цврсти докази што го потврдуваат, но немаме ни докази што го побиваат ова верување. Постојат многу луѓе кои искусиле клиничка смрт, а потоа споделиле дека сведочеле на некаков задгробен живот. Сепак, на науката ѝ се потребни поконкретни докази пред да донесе заклучок, па научниците напорно работат во таа насока…